Седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Одржана редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. 

На седницата се разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика, информираат од кабинетот на гувернерот..

Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 2,25%. Истовремено беше одлучено понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 10 јули 2019 година да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари.

На седницата беа разгледани најновите остварувања во домашната економија во контекст на најновите макроекономски проекции. Според Комитетот, економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. Отсуството на нерамнотежи е видливо преку ниската и стабилна инфлација и поволната надворешна позиција, контекст којшто придонесува за поволни движења на девизниот пазар и интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања и поволни согледувања.

Во однос на најновите макроекономски показатели, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот април-мај главно упатуваат на натамошни поволни движења во економијата, видливи преку забрзаниот раст на трговијата и натамошниот раст на индустријата. Овие податоци, како и стапката на раст на економската активност од 4,1% во првиот квартал од оваа година, којашто е блиска до проектираната, соодветствуваат со очекувањата за солиден економски раст оваа година.

Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првата половина од годинава изнесува 1,2%, при очекувања за стапка на инфлацијата од 1,5% за целата 2019 година. Ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за оваа година засега се оценуваат како урамнотежени.

Што се однесува до показателите од надворешниот сектор, остварувањата за надворешнотрговската размена за април-мај 2019 година укажуваат на можност за остварување на нешто повисок трговски дефицит од очекуваниот за второто тримесечје. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со втората декада на јуни укажуваат на остварени нето-приливи од приватни трансфери на ниво на очекувањата за вториот квартал од годинава. Девизните резерви на крајот на јуни се повисоки во однос на крајот на 2018 година, при што сите показатели за нивната адекватност и натаму се во сигурната зона.

Во однос на монетарните движења, по малото намалување во мај, првичните податоци за јуни покажуваат месечен раст на вкупните депозити, којшто речиси подеднакво е резултат на зголемувањето на депозитите на сите сектори (домаќинства, претпријатија и останати сектори). На кредитниот пазар, во јуни, продолжи месечниот раст на кредитите, главно насочени кон секторот „домаќинства", при раст и на кредитирањето на корпоративниот сектор. Поместувањата кај депозитите и кредитите не покажуваат поголеми отстапувања во однос на очекуваното според најновите макроекономски проекции.

Во периодот меѓу двете седници на Комитетот, високата ликвидност на банките продолжи со нагорниот тренд, поради што банките имаа умерена потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити. Тие и натаму го насочуваа вишокот слободни парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, коишто овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.

На девизниот пазар, во јуни, нето-продажбата за девизи се интензивираше под влијание на сезонски фактори, коишто придонесоа за зголемена побарувачка на девизи од страна на домашните компании, поврзана со редовното работење, но и заради отплати на дивиденди кон странските инвеститори. Банките во целост ја задоволија повисоката побарувачка од сопствени средства, при што вишокот девизна ликвидност којашто произлегуваше од повисокото кредитирање со валутна клаузула и флексибилното управување со девизните средства и обврски го насочија на меѓубанкарскиот девизен пазар. Во такви околности, во јуни, Народната банка откупи 19 милиони евра од банките поддржувачки, со што и овој месец централната банка беше присутна на девизниот пазар само со откуп на девизи. Интервенциите на девизниот пазар продолжија и на почетокот на јули, при што збирно од почеток на годината до 9 јули, Народната банка откупи 102 милиона евра.

На меѓународен план има позитивни знаци за намалување на неизвесноста поврзана со глобалните трговски односи, откако состанокот на Г-20 кон крајот на јуни, САД и Кина постигнаа договор за продолжување на преговорите за трговските односи меѓу двете земји. Сепак, глобалната макроекономска состојба и натаму покажува знаци на слабост, при што високофреквентните податоци упатуваат на забавување на економската активност во еврозоната во второто тримесечје на оваа година. Во услови на влошени изгледи за економската активност, во јуни, централните банки на еврозоната и САД сигнализираа подготвеност за преземање мерки за поттикнување на економиите. Следствено, во согласност со пазарните очекувања за натамошно монетарно олабавување од страна на ЕЦБ, како и за намалување на каматните стапки од страна на ФЕД, на меѓународните финансиски пазари беше забележан поголем интерес за сигурни пласмани, пред сѐ во државни хартии од вредност, што доведе до намалување на нивните приноси, како и во злато, што, пак, предизвика раст на неговата цена.

Општо земено, на седницата беше заклучено дека последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, додека согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходната оцена. Притоа, повторно беа нагласени неповолните ризици од надворешното окружување. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика, стои во соопштението од кабинетот на гувернерот.

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

Педри сака да остане во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Педри потврди денеска дека неговите планови се да остане во Барселона,

„Многу сум смирен бидејќи знам дека Барселона ќе го исполни тоа што ми го вети. Веќе разговаравме за новиот договор. Барса отсекогаш бил клубот од моите соништа“, изјави 21-годишниот шпанскиот репрезентативец.

За новиот договор меѓу Барселона и Педри, според добро информираниот италијанскиот новинар Фабрицио Романо, ќе се разговара во наредните недели.

Педри дојде во Барселона од Лас Палмас во 2020 година./МИА

притисни ентер