Заев: Рашковски ќе биде разрешен, ако има повреда на законот

Три дена по втората објавена бомба за генералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, премиерот Зоран Заев не гледа негова одговорност.

Но како што вели, подготвен е да го разреши доколку се утврди прекршување на законите. Случајот околу набавката на опрема за М- НАВ засега го истражуваат само антикорупционерите, но и тие се уште не можат да отворат предмет бидејќи ја чекаат тендерската документација од М- НАВ но и образложението од Рашковски во кое својство се нашол во објавениот снимен разговор. Засега првата антикорупционерка Билјана Ивановска потврди дека Климент Чепуњовски, екс техничкиот директор во М – НАВ, посочен и како снимател на разговорот од состанокот нема да добие статус на укажувач бидејќи не се запазени законските процедури.

Во врска со случајот Рашковски, но и објавената аудио снимка од канцеларијата на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева вели дека и двата случаи не може да се сметаат за укажување.

Обвинителството и натаму будно ги следи случувањата со Рашковски, но во моментов не постапуваат по допрен глас во врска со обвинувањата во јавноста за владиниот генерален секретар, но доколку утврдат елементи на сторено кривично дело ќе се постапи согласно законот. Од Антикорупциската комисија најавија и дека ќе го разгледаат случајот со продажбата на авионски билети во институциите.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер