Собранието остана без еден потпретседател, констатирана оставката на Мемеди

Собранието на Република Македонија на денешната 104. седница ја констатираше оставката на потпретседателот и пратеник од НДП Весел Мемеди.

Во личното обраќање до пратениците Мемеди ја обраложи оставката и кажа дека оваа одлука не се должи на негова моментална реакција по реконструкцијата на Владата, туку дека за тоа има многу подлабоки причини.

Мемеди ги критикуваше сега веќе поранешните коалициски партнери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Зоран Заев за начинот на кој биле реализирани договорите за последната реконструкција на Владата и одземањето на министерската функција во Министерството за локална самоуправа чиј тогашен министер беше Сухејл Фазлиу, како и за начинот на нивното владеење.

На прашањето дали Ахмети и ДУИ и Зоран Заев и СДСМ извршиле предавство кон НДП, Мемеди кажа дека немало предавство, туку несериозен пристап кон нив како мала политичка партија. Според него, ДУИ и СДСМ постигнале договор во нивен интерес, односно Ахмети во јавноста да прикаже дека не му е одземено министерство, туку дека се зголемил бројот на министерства со кои раководат кадри од неговата партија, а од друга страна Заев да прикаже дека не отстапил уште едно министерско место за сметка на албанскиот коалициски партнер.

-Договорот кој бил постигнат многу порано помеѓу Ахмети и Заев, за трансформација на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во посебно министерство, па така не е можно Албанците да водат шест министерства, и трампата на министерствата едно за едно, Ахмети се обидел да го прикрие пред Албанците, дека тој не жртвувал ниту едно министерство, во компензација за новото министерство, додека Заев ќе ја продаде приказната кај Македонците, дека не попуштил пред Ахмети за едно министерство плус, туку успеал да им го зеде Министерството за локална самоуправа, посочи Мемеди.

Во своето обраќање Мемеди изнесе низа обвинувања за лидерот на ДУИ во врска со, како што кажа, помирувањето во Исламската верска заедница, но рече дека би можел да наброи други случаи како Кондово, криминалните групи и слично, но оти нема да го стори тоа.

– Како потврда на кажаното досега, јавноста, а особено чесните луѓе, се уверија преку последните случувања во земјата. Г. Ахмети, припадниците на Исламот во целина, а посебно тие кои ви верувале и чекале 13 години да ги средите работите во ИВЗ, останаа шокирани од вашите приватни разговори со вашите најблиски соработници, за понижувачкиот однос што го имате врз душевната институција ИВЗ, и дека воопшто не ве интересирало средувањето на работите во оваа институција, туку слатко се смеете што сте успеале да го претворите во седиште каде се пие најскапиот алкохол, рече Мемеди.

Според него, ситуацијата не се разликува и во другиот коалициски партнер СДСМ, како што кажа, а за тоа говори нивното вештачко однесување, особено кога се чувствуваат дека се најсилни.

Од собраниската говорница му упати порака на премиерот Заев.

– Методот и сценариото, кои ги употребивте кон албанските коалициски партнери, и конкретно кон нашите кадри и функционери, кои можат да ви го потврдат со факти и аргументи, посебно кон министерот Фазлиу, со ангажирање на финансиската полиција и политичкото искористување на Антикорупциската комисија, и некои резервни портали на кои им давате специјални задачи, во кординација со ваш близок соработник, државниот секретар Парталов, за нас се познати удбашки методи што ги применуваат еден дел од старите удбаши, кои држат високи позиции во партијата на СДСМ и ВМРО, рече Мемеди.

Таквите методи, тврди тој, се применуваат за некои Албанци да ја прифатат политичката платформа на СДСМ како нивна и јавно да се зачленат во партијата со цел да се ослаби албанскиот фактор во власта, а истата логика ја применувала и ВМРО-ДПМНЕ.

На граѓаните и опозицијата им порача да не сонуваат за консолидирање на опозоцијата во редовите на македонските и албанските партии со, како што кажа, стари отворени сметки на кредит кон институциите на системот, и кон граѓаните, кои сте се задолжиле во минатиот период со вашиот погрешен политички пат и ангажман.

Мемеди на досегашните коалициски партнери им порача дека ги чека голема борба против организираниот криминал и корупција, што не смее и не се дозволува да заврши со секојдневни амнестии, туку со отворен фронт и мобилизација.

Собранието на истата седница го верификуваше мандатот на новата пратеничка Александра Цветковска, која доаѓа на местото на Горан Милевски од ЛДП, кој стана министер за локална самоуправа.

Исто така на предлог на пратеникот Рубин Земун од седницата се повлечени измените на Законот за празниците, поднесен од пратеници, бидејќи е најавено дека треба да го помине филтерот на Комитетот за односи меѓу заедниците. Земун предложи измените да бидат ставени на дневен ред на друга седница.

По усвојувањето на дневниот ред пратениците ја почнаа работата по точките од дневниот ред.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

Франција ќе тужи ученичка поради лажно обвинение дека била удрена од директорот поради хиџаб

 Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи ученичка поради лажното обвинение дека директорот на училиштето ја удрил за време на расправија откако таа одбила да го тргне хиџабот.

Според францускиот закон, не е дозволено носење хиџаб и никаб во јавните установи, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги тргнале шамиите.

Третата не ја тргнала шамијата и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие службеници, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди на исламистите да влезат во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле, директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило до Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

притисни ентер