Видео - фото: Првиот човек кој зачекори на Месечината Нил Армстронг живеел во страв!!

Во јавноста се појавија досега непознати детали за човекот кој прв зачекори на Месечината, астронаутот Нил Армстронг.

Зошто човекот кој кога зачекори на Месечината ја изговори славната реченица „Ова е мал чекор за човекот , но голем за човештвото“ избегнувал да се појавува во јавноста и да ја живее славата што ја заслужува, открива новата книга посветена на мистериозниот астронаут.

Синот на Нил, Марк Армстронг вели дека неговиот татко дневно добивал по неколку илјади писма, иако не ја сакал славата. Вториот син Ерик пак вели дека неговиот татко Нил не се гледал себе си како херој. Слично тврди и Џејмс Хенсен , авторот на биографијата на Нил Армстронг.

-Никогаш не сум запознал човек како што е Нил. Не сакаше да заработи на тоа што го стори и не беше егоист. Неговата тогашна жена Џенет не ги забележувала промените. За неа тој бил истиот, стар Нил кој се вратил од Месечината, објаснува Хенсен.

Иако се изгледало како нешто вообичаено, сепак мисијата од 1969 година драматично го променила живото на семејството Армстронг, по враќањето од славната експедиција. Нил се обидувал да живее обичен живот стравувајќи дека тоа што го сторил може да има влијание на неговите најблиски.Се плашел за животите на синовите Марк и Ерик, поучен од искуството на колегата пилот Чарлс Линдберг, човекот кој прв го прелета Атлантикот. Имено, синот на Линдберг стар само 20 месеци бил киднапиран и за него бил баран откуп од 50 000 долари . Кога откупот бил платен детето мртво било вратено на семејството. Оваа несреќна сторија започнала да го оптеретува Нил.

Неговиот син Марк вели дека Нил знаел дека семејството добива предупредувачки пораки.

-Татко ми бегаше од славата поради тоа што не сакаше на мене и на брат ми да ни се случи она што му се случи на синот на Чарлс Линдберг, вели Марк.

Мисијата Аполо 11 се спушти на површината на сателитот на Земјата на 20 јули во 1969 година, а шест часа по слетувањето Нил Армстронг стана првиот човек кој зачекорил на Месечината.

Армстронг нешто повеќе од два часа минал на површината на Месечината, надвор од леталото Аполо 11 со кое управувал Мајкл Колинс. Колегата на Нил, Баз Олдрин кој бил на истата мисија се шетал на Месечината пократко од Нил. Двајцата астронаути собрале скоро 25 килограми материјал под тлото на Месечината и се вратиле на Земјата.

Инаку славниот астронаут Нил Армстронг почина во 2012 година на 82 годишна возраст.

Вокер неизвесен за дербито со Арсенал

 Манчестер сити би можел да остане без дефанзивецот Кајл Вокер за неделниот натпревар од Премиер лигата против Арсенал.

Според „Sky Sports“, Вокер ќе биде подложен на проценка на тетивата. Првично се мислеше дека проблемот не е премногу сериозен, но се чини дека тоа не е така.

Во Сити исто така не се сигурни дали Џон Стоунс и Мануел Аканџи ќе бидат способни да играат.

Манчестер Сити ќе му гостува на Арсенал на 31 март во натпреварот од 29. коло на Премиер лигата.

Арсенал е лидер на табелата со 64 бодови, исто толку има и второпласираниот Ливерпул, Манчестер сити е трет со 63.

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани. 

- Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска, апелира организаторот на манифестацијата Сојузот на спортови на Скопје

Маратонот ќе се одржи 6 октомври со почеток во 8 часот.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според времето кое ќе го одберат при процесот на

пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

Концерт „Татковина“ во Филхармонија

Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Татковина“ под диригентство на Сашо Татарчевски, на кој ќе настапи виолинистот Бојан Илкоски.

На програмата ќе бидат изведени виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини (1782-1840) и Симфонија бр. 4 во де-мол, оп.120 од Роберт Шуман (1810-1856)

Дирирентот Татарчевски дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедрите за хорско и оркестарско диригирање, а посетувал и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли и на голем број фестивали на кои има освоено награди.

Редовен член е на неколку жири-комисии на интернационални хорски натпревари и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.

Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент е на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“.

Виолинистот Бојан Илкоски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Олег Кондратенко. Досега остварил бројни настапи во земјата и во странство.

Во 2009 година го одржал својот прв самостоен целовечерен концерт во Даут-пашиниот амам. Неговото досегашно искуство како виолинист, вбројува и неколку соло рецитали без пијано придружба.

Илкоски е член на Меѓународниот младински камерен оркестар на Музичка младина, а од неодамна е редовен член на Симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и член на оркестарот за филмска музика „Фејмс“.

-Бојан Илкоски (1992) е еден од најпосветените музички уметници кај нас, кој постојано настапува во различни ансамбли. Неодамна, токму со изведба на Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини, настапи како солист во Софија со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро Свилен Симеонов, соопшти Филхармонијата.

притисни ентер