Македонски параглајдерист светски вицешампион

 Со последните ажурирања на резултатите од Европскиот параглајдинг куп што се одржа во Урои, Романија, врвниот спортист Борјан Јованоски се искачи на второто место на светската ранг-листа во параглајдинг, дисциплина прецизно слетување.

– Македонскиот небесен стрелец погодува секој пат и тоа го донесе до светски успех. После ажурираните резултати од Европскиот куп кој се одржа во Романија, Урои, Борјан доби повисоко место на светската ранг-листа. Воздухопловната федерација на Македонија се гордее со постигнатите резултати и успеси на македонскиот врвен спортист. Но патот до врвот не е лесен. Овој млад човек е спремен да патува и по 2000 километри со комбе со неговиот тим за да и донесе успех на нашата држава.Тоа е навистина за почит. Во него гледаме пример за самодоверба и ентузијазам, се надеваме дека и останатите ќе го следат тој пример. Секој млад човек има потенцијал да стане врвен спортист, а ние за тоа се залагаме, изјави Биљана Еверетте, генерален секретар на Воздухопловна федерација на Македонија.

Борјан Јовановски овој период тренира и се подготвува за Светско првенство во Вршац, Србија, во септември, каде што ќе учествува со членови на национална репрезентација во параглајдинг.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

притисни ентер