Холивудски комичар ,,дрво” пијан се држи за сопругата (ФОТО)

Познатиот холивудски комичар Кевин Харт , толку се испијанил на прославата на својот 40. роденден што мораше да се држи за сопругата за да влезе во автомобил.

Популарниот актер и комичар Кевин харт навистина претера со пиењето на прославата на својот 40. роденден. Свеченоста се одржа во елитниот клуб ТАО во Лос Анџелес .

Папараците не смееја да влезат на забавата , но затоа трпеливо го чекаа крајот . Харт беше толку пијан што мораше да се држи за сопругата Енико харт , која се криеше зад телохранителите.

Познатиот актер дури и не можеше да ги држи очите отворени.

Видео: Авион слетува над главите на туристите

На драматичната снимка се гледа моментот кога авионот прелетува над главите на туристите.

Аеродромот на грчкиот остров Скијатос е популарна туристичка атракција и голем број туристи чекаат покрај пистата за да им се случи вакво несекојдневно искуство.

Џеф Безос прв пат во јавност со љубовницата

На финалето на Вимблдон, сопственикот на компанијата Амазон а воедно и најбогатиот човек на светот Џеф Безос се појави со својата љубовница, 49 годишната Лаурен Санчез поради која се разведе после 25 години брак.

Се чини тој не можеше да и одолее на својата љубовница па наместо во теренот тој постојано гледаше во нејзе.

Пробал да шверцува кокаин под својата перика

Полицијата  во Шпанија на интернационалниот аеродром во Барселона уапси човек кој пробал на прошверцува  половина  килограм кокаин под својата чудна перика.

Надлежните велат дека  човекот  изгледал многу сомнително и нервозно. Тој во Барселона пристигнал со лет од Богора, Колумбиа. Полицајците биле зачудени и од изгледот на неговата перика и го запреле. Откако го замолиле да ја извади периката под неа се наоѓал спакуваниот кокаин кој бил проценет дека има вредност од околу 30 000 евра.

притисни ентер