Се појави првото електрично Ферари со преден погон (ВИДЕО)

Ферари го претстави новиот SF90 , со што направи целосен пресврт во досегашното производство.

За жал , деновите на V12 моторите се избројани , особено откако се разви системот на V8 twin-turbo  , дури и кај суперспортските автомобили.

Кај новиот Ферари е употребен 4.0 V8 моторот , кој во SF90 доби хибридна конфигурација . Дава 780 Кс и 800 Нм , а кога се вклучени трите електромотори , максимумот достигнува до 1000 Кс.

Новината кај ова Ферари е во тоа што ќе вози 25 километри на струја , а тогаш во функција се вклучуваат двата предни електромотори , со што автомобилот добива преден погон и може нечујно , како секој електричен автомобил да вози со брзина од 135 км/час.

Ферари создаде вистински спортски шампион , кој достигнува до 100 км/час за само 2,5 секунди , а на 200 км /час е за 6,7 секунди. Максимално достугнува 340 км/час.

притисни ентер