Дачиќ : Тирана и Приштина работат на формирање Голема Албанија

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, ги обвини во понеделникот во Сараево, владите во Тирана и Приштина дека работат во насока на создавање на "Голема Албанија".

Дачиќ се закани дека никакво решение за статусот на Косово нема да биде можно да се спроведе доколку не се постигне директен договор со Белград.

Дачиќ пристигна во Сараево на средба на делегации на министерствата за надворешни работи на процесот тринаесет земји-членки (ПСЈИЕ), што се одржа во пресрет на Самитот на оваа регионална иницијатива.Овие средби ги бојкотираа владите на Косово и на Албанија, во знак на протест за третман за косовските власти во БиХ.

Дачиќ во првиот коментар на таквата постапка оцени дека е очигледно спроведување на планот со тоа што Косово и Албанија во иднина ќе имаат заедничка надворешна политика, и дека тоа е дел од една поширока политичка агенда.

"(Беџет) Пацоли вели дека надворешната политика ги претставува Албанија и Косово како нација. Што уште треба да се случи за да се потврди дека актот е во насока на создавање Голема Албанија", изјави Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија праша што ќе се случи ако неговата земја со Република Српска потпишат ист договор како овој меѓу Косово и Албанија.

Тој рече дека Белград, и покрај фактот дека тие не ја признаваат независноста на Косово, нема ништо против учеството на Косово во меѓународните иницијативи, како на ПСЈИЕ, но нема да дозволи тоа да се прејудицира како признавање на статусот.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

МВР: 34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање, соопшти МВР.

Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. 

Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

притисни ентер