ОЈО не отворило истрага за Рашковски, но будно следи

Јавното обвинителство во моментов не постапува по допрен глас околу обвинувањата во јавноста генерален секретар на Владата Драги Ташковски.

Сепак, обвинителството будно ги следи случувањата, а доколку се утврдат елементи на сторено кривично дело обвинителството ќе постапи согласно законските прописи.Во меѓувреме во јавноста беше објавена уште една бомба поврзана со јавната набавка за М-НАВ .

Од антикорупциската комисија навија детална истрага околу  набавката на радарски систем за контролата на летање, и оттаму веќе ги побарале документите.Антикорупциска ќе истражува и  договорот со компанијата Леонардо, е потпишан во 2018, две години откако фирмата била  избрана да го изгради новиот радарски систем.

Од М-НАВ изјавија дека ќе соработуваат со сите истражни тела.

Запленет глисерот на Зоран Ќичеец

Глисерот на второ осомничениот во случајот “Рекет” -  Зоки Кичеец доцна синоќа бил запленет од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Заплената е во рамки на истрагата која обвинителството ја отвори минатата недела против Боки 13 и Зоран Милески познат како Кичеец, кои се осомничени за рекет врз бизнисмени. Иако во јавноста се ширеа информации за заплена и на други предмети како џипови, мотори и скутери на вода, од обвинителството велат дека до овој момент запленет е само глисерот.

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до овој момент е запленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет". Глисерот е запленет синоќа.

Велат од Обвинителството. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска прашуваат кој се крие зад идентитетот на “Кики” и “Фрики”. Од таму велат и дека се уште го анализираат предлог-законот  за спојување на СЈО во редовното обвинителство, и остануваат на ставот дека се противат на предлогот Вилма Рускоска да раководи со новото обвинителство.

За тоа кој се крие зад идентитетот на фамозните “Кики” и “Фрики”, новинарот Бранко Геровски кој изминатиот период пишуваше за случајот рекет, најави дека ќе ги открие во текот на утрешниот ден.

Рекордно високи температури во САД

Екстремно топлото време предизвикува и проблеми во Соединетите Американски Државни.

Најмалку шест лица го загубиле својот живот поради рекордно високите температури во САД. Според властите, жртвите се од сојузните држави Мериленд, Аризона и Арканзас.

Националната метеоролошка служба предупреди од „опасен топлотен бран“, кој во комбинација со зголемена влажност во земјата може да доведе до топлотен удар, доколку не се преземат соодветни мерки. Голем број настани во САД, од фестивали и концерти до спортски средби, се одложени поради невообичаените високи температури. Медиумот потсетува дека за време на топлотниот бран во јули 1995 година загинаа повеќе од 700 луѓе во Чикаго, каде температурите надминуваа 36 степени Целзиусови.

Големи пожари во Португалија, осум повредени, наредена евакуација

Во екот на туристичката сезона Португалија мака мачи со пожарите.

Осум лица се повредени во пожарите кои од синоќа беснеат во централниот дел Португалија. Во гасењето учествуваат преку 1.000 пожарникари, а на помош пристигнала и војската.

Повредени се седум пожарникари. Еден од нив има изгореници од прв и втор степен и пренесен е во болница. наредена е делумна евакуација на села во околината на пожарот. Силниот ветер ги отежнува работите на пожарникарите.

притисни ентер