Фото: Дејвид и Викторија 20-годишнината од бракот ја прославија во романтичниот Версај

Џет сет двојката Дејвид и Викторија Бекам се упатија на едно  посебно романтично и волшебно место за да одбележат јубилејна годишнина од бракот.

Дејвид и Викторија пред неколку дена  прославија 20 години брак, љубов и на Инстаграм поделија фотографии од минатото. Потоа поставија и емотивни пораки за еден на друг да си ја честитаат годишнината.

Сега брачната двојка Бекам се пофали со нови фотки на кои покажуваат како одбележале две децении брак.

За својот специјален ден Дејвид и Викторија  одбрале едно од најлуксузните места на светот, специјална тура низ дворецот Версај во близина на Париз, дворец опкружен со 815 хектари паркови.

притисни ентер