Мицотакис е новиот грчки премиер- утре напладне ќе положи заклетва

Утре напладне ќе се одржи свеченоста на  заклетвата во  Претседателската палата на новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис.

Според првата проценка на Singular Logic, Нова демократија победи на предвремените избори со 39.8%, додека СИРИЗА на Алексис Ципрас е втора со 31.5 - 31.6%.

Во шестпартискиот Парламент ќе седнат пратеници од партитите КИНАЛ, ККЕ, Ден 25 и Грчко решение.

Неа Демократија освои 158 пратнеички места , додека Сириза ќе има 86 пратеници. Партијата Кинал добива 23 пратеници, Комунистите ќе имаат 14, 10 пратеници ќе има партијата Ден 25 и 9 ќе има партијата Грчко решение.

Паријата Златна зора,остана без свои претставници во Парламентот .

Мицотакис со ќерка му ја дочека победата во партиското седиште во Пиреја , во близина на Атина.

Поранешниот премиер Костас Караманлис прв му ја честита убедливата победа на Киријакос Мицотакис и му посака многу сила и среќа во работата.

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Манчестер Сити не успеа во мисијата да ја одбрани тројната круна. 

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа поразени од Реал, но затоа Сити се уште е во конкуренција за двојната круна во Англија и шестата шампионска титула во последните седум години.

Сепак, ова лето Манчестер Сити би можел да остане без својот најдобар играч Кевин де Бруин.

Фантастичниот триесет и тригодишен Белгиец под водство на Гвардиола освои се и остави голема трага во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Де Бруин истекува во летото 2025 година, а саудиски Ал Наср сака да ја искористи таа ситуација. Белгиецот моментално вреди 60 милиони евра на пазарот, но доколку клубот на Роналдо го сака играчот на Манчестер Сити, ќе мора да плати многу поголема отштета.

Во Манчестер Сити Де Бруин заработува околу 21 милион евра по сезона. /МИА

Тела на 19 мигранти пронајдени кај брегот на Тунис

Телата на 19 лица се пронајдени во близина на брегот на Тунис, еднo од главните влезни места за мигранти кои сакаат да го преминат Средоземното Море во Европа, а полицијата уапси петмина шверцери на луѓе.

Крајбрежната стража на Тунис соопшти дека ги пронашла телата во вторникот во близина на пристанишните градови Махдија и Сфакс, вториот по големина град во земјата каде што мигрантите се судрија со полицијата во последните недели.

И покрај ризиците, мигрантите продолжуваат да се обидуваат да преминат од Северна Африка во Европа, патувајќи со брод преку Средоземното Море од Мароко, Алжир, Тунис и Либија до Италија, Грција, Малта и шпанските Канарски Острови. Повеќе од 49.000 луѓе дојдоа во Европа по море оваа година, вклучително и повеќе од 7.000 од Тунис до Италија.

Многу повеќе се обиделе да ја поминат оваа рута, вклучително и илјадници кои биле пресретнати од северноафриканските власти, а се проценува дека 473 лица се мртви или исчезнати, според Меѓународната организација за миграција на ОН. /МИА

притисни ентер