Индија следната недела праќа мисија на Месечината (ВИДЕО)

Следната недела Индија ќе го лансира својот сателит Чандрајан 2 кон Месечината.

Мисијата на Месечината е подготвена со сателитот тежок 3,8 тони , што ќе биде лансиран од космодромот Шрихарикота. Ракетата ќе носи сателит , лендер наречен Викрам и ровер наречен Прагјан.

Од мисијата се надеваат дека сателитот ќе слета на Месечината на почетокот на септември. Роверот на шест тркала , тежок 27 килограми ќе го истражува јужниот пол на Месечината.

Од индиската агенција објаснуваат дека со мисијата ќе управуваат роботи  и ќе нема човечки екипаж. Сателитот е завиткан во златна фолија за заштита од екстремните температури во текот на истражувањата , што се очекува да траат една година.

Роверот е сместен во сателитот , а по слетувањето ќе излезе од лендерот со подигање на рампа. Вселенското летало е е сосема подготвено и наскоро тргнува на местото на полетување , потврдуваат од Индиската вселенска истражувачка организација (ISRO) .

притисни ентер