Доколку се потврдат предизборните анкети, Партијата на Киријакос Мицотакис ќе го прекине четиригодишното владеење на партијата Сириза на премиерот Алексис Ципрас, кој свика предвремени избори веднаш откако претрпе пораз на европските избори во мај.
Анкетите на јавното мислење пред изборите покажуваа дека партијата на Мицотакис цврсто води со 8-10 проценти пред Сириза и дека има можност самата да обезбеди апсолутно мнозинство во 300 члениот парламент.
Проекциите, заедно со фактот дека изборите првпат се одржуваат среде лето, кога голем број Грци или се на одмор или се на привремена туристичка работа далеку од дома, го доведоа во прашање одѕивот. Затоаи Ципрас и Мицотакис ги повикаа своите поддржувачи да не претпоставуваат дека денешниот резултат веќе е одреден и да излезат и да гласаат.
На изборите за Европскиот парламент Нова демократија освои 33,11 отсто од гласовите, додека 23,78 отсто гласа за Сириза. Победата на Мицотакис на тие избори му ја донесоа младите на возраст од 18-24 години.
Ова се шести избори во Грција откако беше зафатена со тешка финансиска криза во 2008 година. Тоа предзивика неколку последователни финансиски пакети за спас, грчката економија се влоши за 28%, а зголемувањето на невработеноста фрли многу Грци во сиромаштија.. По излегувањето од кризата, Грците веројатно се подготвени за нов почеток, со нов лидер.. овој пат Мицотакис..
Изборите со интерес се следат и во македонскта јавност, но според сите анализи на неговите ставови, и покрја противењето на Преспанскиот договор, не се очекува неговоро пробелматизирање или непочитување од грчка страна.