Русите ќе го искористат интерконтинеталниот балистички проектил за да лансираат сателити

Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека интерконтиненталниот балистички проектил ,,Сатан” , ќе го користи за лансирање сателити во вселената.

Директорот на Роскосмос , Дмитриј Рогозин изјави дека заедно со руското Министерство за одбрана ја разгледуваат можноста за пренамена на интерконтиненталниот балистички проектил R-36M2 (SS-18 Satan) во носач за лансирање сателити. Рогозин вели дека би било штета да се отфрли ,,легендарниот интерконтинентален балистички проектил”.

,,Би можеле многу лесно  да го преправиме за проекти , кои се однесуваат на ставање мали летала до цивилните орбити. За тоа разговараме. Оваа тактика треба да се употребува на сите борбени ракети , кога тие ќе се повлечат од борбените должности, вклулчително и Сармат.” , смета Рогозин.

Новиот ракетен систем Сармат ICBM, што ќе го замени R-36M2 , има огромен потенцијал и кога ќе дојде време да се отфрли во некои наредни децении , ќе биде подобрио да се искористи , оценува Рогозин.

Новиот систем Сармат тежи 200 тони и може во вселената да исфрли маса од 10 тони. Способен е да пробие секаква воздушна одбрана , наведува риската агенција Тасс.

притисни ентер