Годинава помалку комарци, но заштитата е неопходна

За разика од лани, состојбата годинава е подобра поради навременото прскање, но сепак лекарите предупредуваат да се користи заштита, особено што во регионот и годинава има случаи на  западнонилската треска.

Во Македонија нема регистирано  нилска треска. Во Србија и Грција сезоната на пријавени пациенти со оваа сотојба почна. На удар на нилската треска може да биде секој, но посилни симпотми има кај децата и возрасните луѓе. Педијатрите велат дека многу често родителите симпотмите ги поистоветуваат  со сончаница.

Заштита со средства против коморци може да има, но најважно е од се навреме да се отиде на доктор со цел да се реагира на состојбата да не дојде до влошување.

Во Македонија минатата година немаше потврдени случаи со нилска треска. Оваа година со навременото прскање на комарци во Скопје, средбите на граѓаните со малите инсекти се поретки.

притисни ентер