Загадена плажа пред луксузен хотел во Дубровник

На плажата пред хотелот Риксос Либертас во Дубровник, вчера беше дигнато црвено знаме со предупредување за забрана за пливање .

Порталот Дубровник.нет објави изјави на граѓаните кои велат дека морето е многу загадено и смрди и се претпоставува дека знамето е подигнато токму поради фекално загадување.

Ова не е прв пат да е подигнато црвено знаме на оваа плажа и е забрането капење. Истото се случи и неколку пати минатата година, но исто така и претходните години, најчесто во шпицот на сезоната.

Последен пат црвено знаме беше подигнато на почетокот на септември минатата година, поради истекувањето на фекалии во морето.

притисни ентер