Националната гарда го чува претседателот на албанската изборна комисија

Припадниците на Националната гарда на Албанија од петокот се грижат за претседателот на Изборната комисија и за неговото семејство по заканите што ги добил.

Претседателот на Комисијата , Климент Згури добивал закани по неговиот и животот на членовите на неговото семејстов по изборите одржани на 30. јуни.

Албанските медиуми пренесуваат дека Згури ги добил заканите , откако комисијата одбила повторно да ги преброи гласачките ливчиња, а тој бил против таквата одлука и сакал да се почитува барањето на дел од албанските партии.  

Згури , исто така и беше против отфрлањето на одлуката на албанскиот претседател Илир Мета за одлагање на локалните избори , поради тензичната состојба во земјата.

Изборите сепак се одржаа и покрај бојкотот на опозицијата , која бара оставка од премиерот Еди Рама.

притисни ентер