Италијанскиот тим ги преживува најтешките седум години во историјата , така што медиумите веќе пишуваат дека шеикот Ал- Тани сака да го откупи фудбалскиот клуб милан од американскиот фонд Елиот.
Состанокот , според медиумите треба да се одржи на почетокот на следната недела. Тоа е само продолжение на турбулентниот период на тимот , на чие чело 31 година беше екс премиерот Силвио Берлускони , а во тоа време освоија 29 трофеи.
Но , во 2017 Берлускони го продаде тимот на кинескиот конзорциум Sport Investment Lux за 740 милиони евра.
Само во првата година Кинезите потрошија 231,2 милиони евра за нови играчи , но поради неподмирените долгови , клубот го презеде фондот Елиот.