Откако Владата одлучи да ја одбие компанијата за експлоатација на бакар и злато, со образложение дека ја немаат потребната документација, оттаму најавуваат жалба до конечното решение на Влада кое треба да се утврди за 15 дена.
,,Откако официјално ќе ја добиеме ќе ги искористиме сите правни можности кои се на располагање согласно законските рокови, односно ќе поднесеме жалба во законскиот рок од 15 денa. – велат од Еуромакс.
Дали ќе има штета на државниот буџет од едностраното раскинување на договорот за концесија, од Влада велат ќе се знае по рокот за жалба.
Неофицијалните информации говорат дека по овој рок ништо нема да се смени, односно жалбата на Еуромакс нема да вроди со плод и барањето повторно ќе биде отфрлено.
Граѓанските здруженија кои подолг период проитестираат и го блокираат концесискиот простор на Еуромакс ја поздравуваат одлуката на Владата, но сепак ќе партолираат наредните две недели со цел во меѓувреме да не почнат со работа луѓето ангажирани од Еуромакс, а побараа од Владата и укинување на втората концесија која истекува во јануари.
Задоволство од одбиеното барање изразија од партијата ДОМ кои сметаат дека ова е победа на екологистите над, како што велат, моќното рударско лоби.