Електричните автомобили ќе бидат тивки звучници на тркала!!

Електричните автомобили наскоро ќе бидат големи но тивки звучници на тркала.

Од 1 јули сите електрични автомобили кои се продаваат во Европската унија мораат да бидат опремени со уред за произведување на звук. Официјалното има на уредот е „акустичен систем за производство на звук“ АВАС, уредот ќе произведува звук со јачина од 56 до 75 децибели додека возилото се движи со брзина од 20 километри на час.

Овој нов закон е донесен поради тоа што електричните возила преставуваат опасност за другите учесници во сообраќајот. АВАС уредот ќе го имаат само електричните автомобили, не и мотоциклите , а не постои ниту посебна препорака за тоналитетот на самиот звук.

Што значи дека наскоро ќе може да се очекуваат најразлични звуци кои ќе доаѓаат од електричните автомобили.

Јагуар најави дека неговите модели на електрични автомобили ќе испуштаа звуци како вселенски бродови, од електричниот БМВ ќе се слуша тонот на нивниот бензински мотор.

Од БМВ најавуваат дека нивниот нов концепт „ Vision M NEXT“ ќе биде опремен со интересен избор на музика.

Баварскиот гигант го ангажирал Ханс Цимер , композиторот кој ја направил музиката за филмовите „Interstellar“, „Inception“ и „Blade Runner 2049“.

СДСМ: Изборите минаа во фер и демократска атмосфера

На прес конференцијата по завршувањето на гласањето за првиот круг на претседателските избори портпаролката Богданка Кузевска констатира дека изборите биле фер и демократски. 

Драма на перон: Сакала да влезе во воз во движење, но се сопнала (ВИДЕО)

Немил настан се случил на 17 април во аргентинскиот град Морено, а чудо е што е избегната трагедија.

На социјалните мрежи е објавено видео од неименувана девојка која се обидува да се качи на воз во движење, но работите тргнаа наопаку.

На видеото го гледаме како се обидува да фати воз, очајно сакајќи да влезе внатре, но се сопнува и паѓа меѓу композицијата и перонот.

Еден од патниците и обезбедувањето веднаш дотрчале кај несреќната жена која останала да лежи покрај пругите. На почетокот не е јасно дали преживеала.

Кога сфатиле дека сè уште дише, повикале помош и била пренесена во болницата „Де Ла Вега“, јавува Лакале Блу радио.

Лекарите ѝ ги санирале повредите, па била згрижена.

ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 44,56% , Пендаровски 18,36% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, НА 10 % обработени податови , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 23.644 гласа или 44,56%.

На второ место е Стево Пендаровски со 9740 гласа, односно 18,36 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 7473 гласа или 14,08% , Максим Димитриевски 3687 гласа или 6,95% , Арбен Таравари 5010 гласа или 9,44% , Билјана Ванковска 2026 гласа или 3,82 % и Сревчо Јакимовски 366 или 0,69%.

притисни ентер