Злато за Анѓела Мојсовска на Светски карате куп во Умаг

Анѓела Мојсовска, успеа да го освои златниот медал во највозрасната младинска категорија на постари јуниори (У21), во тежинската категорија на -68 кг. 

После првиот ден од одржувањето на најмасовниот и највисоко рангиран светски карате куп организиран од Светската карате федерација (ВКФ), кој се одржува во Умаг, Хрватска, Каратистката на Скопски Макпетрол Анѓела Мојсовска, успеа да го освои златниот медал во највозрасната младинска категорија на постари јуниори (У21), во тежинската категорија на -68 кг.

Во првото коло Мојсовска била слободна, во второто коло извојува победа против натпреварувачка од Швајцарија со 4-1, во третото коло беше подобра од каратистка од БиХ и победи со 5-1, во четвртото коло извојува уште една победа против шампионката на Хрватска која е и носител на европски медал со резултат 3-1, и во финалето победи со резултат од 4-1. Во Умаг земаа учество спортисти од 73 држави од целиот свет.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер