ЛЕТНА ТАВА СО ПЕЧУРКИ

Рецепт на ДУШАНКА БОГИЧЕВИЌ

Потребни состојки: 500 гр. кромид, 500 гр. пиперки, 1 кг. печурки, 5 моркови, 1 целер, 3 тиквички, 100 гр. обарен ориз, 1 кг. домати, 100 гр. кашкавал, сол, бибер и зачин од сув зеленчук по вкус.

Постапка:

Ситно сечкан кромид и пиперки се ставаат во тава да се пропржат.

За тоа време во друа тава се ставаат сечкани печурки да се динстаат.

Во тавата со кромид и пиперки се стават ситно сечкани и малку обарени моркови и целер.

Потоа се додава сечкани тиквички и се продолжува со пржењето.

Дел од состојките се ставаат во тавата со печурки и се продолжува со пржењето.

Состојките се зачинуваат со зачин од сув зеленчук, сол и бибер по вкус.

Потоа се додаваат сечкани домати и се продолжува со пржењето уште неколку минути.

Состојките од двете тави се ставаат во поголема стаклена тава, се додава обарен ориз и се покриваат со кашкавал.

Се пече во загреана рерна околу 10-тина минути.

притисни ентер