Видео: Трамп ги предупреди граѓаните да не се исплашат од тенковите на улиците

Американскиот претседател Трамп ги предупреди граѓаните на Вашингтон да не се исплашат ако ги видат тенковите, распоредени во градот на утрешното одбележување на Денот на независноста.

Станува збор за тенкови „М1 Абрамс“ и „Бредли, а два тенка „Абрамс“ и уште четири воени возила пристигнуваат со товарен воз во Вашингтон и моментално се под контрола на воената полиција.

На воената парада планирани се и огномет и прелетување на Ер Форс Уан, Боингот 747 кој го користат американските претседатели, како и ескадрилата сини ангели на американската воена морнарица.

Мигрант спиел на пруга и бил прегазен од воз во Грција

Грчката полиција го пронашла безживотното тело на мигрантот кој го прегазил воз во близина на границата со Турција.

Полицијата наведува дека мигрантот најверојатно заспал на шините. Друг мигрант од Ирак кој успеал на време да се тргне од шините, и рекол на полицијата дека прегазениот маж спиел на пругата.

Се ова се случило вчера во близина на селото Апалос, недалеку од Александрополис, на северистокот од земјата, пренесува „AP“.

Преживеаниот мигрант и рекол на полицијата дека и двајцата влегле во Грција преку копнената граница со Турција.

Вонредна летна крводарителска акција во Куманово

Дваесет и четири крводарители од Куманово, од кои четворица повеќекратни денеска даруваа крв на вонредната, втора по ред летна крводарителска акција која се одржа во кумановскиот Центар за култура.

Крводарителската акција е во организација на Црвениот Крст – Куманово и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

– И оваа акција е успешна, оцени стручниот соработник за крводарителство, Ива Младеновска.

Во првите шест месеци од годинава од јануари до јуни се одржале 25 крводарителски акции на кои крв дарувале 1.324 крводарители, од кои 1.053 мажи и 270 жени./МИА

Димковски: Ако отстрелот биде задоволителен, војската нема да се активира

Министерот за земјоделство Трајан Димковски ќе ги следи најавените акции за отстрел на диви свињи викендов.

За Канал 5 вели дека ако ловџиите го исполнат голем дел од предвидената квота, има простор да се ревидира рокот.

 Со министерот Димковски  колегата Игор Манасиевски разговараше и за откупните цени и распределбата на картички за зелената нафта.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

притисни ентер