Фото: Галичица домаќин на првото меѓународно "Рели две езера"

AKK „PRIMO RACING“ отвори нова страница во сопствената и во историјата на македонскиот автомобилизам со успешната организација на првиот рели натпревар во нашата земја по пауза од цели 40 години. 

Викендов во Охрид, односно на планината Галичица се одржа првото меѓународно "Рели две езера" како дел од шампионатот на Централно-Европската Зона, првенството на Србија и на Македонија.

Како кралица на трките, релито долги години како дисциплина го немаше во Македонија. Организацијата на еден таков настан беше и долгогодишен сон и предизвик за екипата на Primo Racing. Користејќи ги огромното искуство во организацијата на голем број на ридски и кружни натпревари и по долготрајни подготовки, оваа година, конечно тој сон ни се оствари потпомогнати од општините Охрид и Ресен и Агенцијата за спорт и млади.

Сервисот и целокупното рели беше стационирано на градскиот кеј во Охрид, додека релито се водеше на стариот пат за Отешево преку Галичица. Вкупната должина изнесуваше 215 км од кои 65 км беа компетитивни поделени во 4 брзински испити.

Целата организација ги надмина сите наши досегашни постигнувања и ангажмани пред се поради огромниот простор кој требаше да се покрие со комуникација и обучен персонал. За среќа, се мина во најдобар ред, испитот е положен и веќе отсега можеме да најавиме дека за догодина имаме искуство повеќе и многу поголем мотив за поголем број на учесници и далеку поголема конкуренција.

На крајот генералниот пласман изгледаше вака:

1. А. Дучиќ/В. Зариќ (Peugeot 208 R2) 33:38

2. Г. Рабасовиќ/М. Јањиќ (Citroen C2 R2) 33:49

3. Ж. Милутиновиќ/У. Лучиќ (Renault Clio Ragnotti) 33:56

Од македонските претставници, во класата А, најдобар беше екипажот Христаки Давитковски/Боби Јовановски со Honda CRX, а во класата N, најдобри беа Владимир Димушевски/Бранко Гушиќ со Hundai I20 .

На релито на Галичица учествуваа 13 екипажи.

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот народ

Денеска започнува првиот ден од изворната кампања за парламентарните избори. Денеска од тука, паркот во Ѓорче Петров сум заедно со Бојан Стојаноски и Габриела Калкова кои се на нашата листа за кандидати за пратеници.

Од тука сакаме да ги повикаме сите граѓани, не само од Ѓорче Петров, туку од целата ИЕ 2 да ни се приклучат.

Да ни се приклучат во оваа наша кампања, бидејќи ќе ја тераме секој ден една позитивна слика за Македонија ќе понудиме за граѓаните многу проекти и ќе понудиме подобар стандард за сите.

Ни ќе започнеме позитивно, како и секогаш.

Јас како носител во ИЕ 2 од секогаш кажувам дека на народот му треба надеж, му требаат промени, но му треба и позитива да види дека сме различни.

Доста беа црнила, доста беа црни сценарија во последниве седум години.

Видовме дека овие што се на власт ниту работат, ниту мислат добро за Македонија.

Затоа ние во нашата програма предвидуваме многу проекти.

Предвидуваме зголемени пензии уште во првата година за сите пензионери линеарно, но исто така повисоки плати, подобра здравствен систем, подобро образование, се разбира сите дечиња да имаат учебник и се она што секој еден граѓанин го засега.

Но, за да направиме историска победа ни треба поддршка од целиот македонски народ!

Таа победа би била победа за сите граѓани!

Треба Македонија да биде повторно твоја, да биде повторно на сите граѓани!

Затоа ги повикуваме сите ад се приклучат, бидејќи Македонија е во нивни раце!

Промените се во рацете на сите граѓани!

Промените стартуваат од тука, од Ѓорче Петров и насекаде во Македонија!, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

ДУИ симулираше седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието

Со Ода на радоста отпеана на албански јазик Европскиот фронт ја започна камапњата за парламентарните избори. 

Преку симулација на конститутивна собраниска седница по изборите на 8-ми мај на која лидерот на итегративците Ахмети беше во улога на собраниски спикер, иако ораганизаторите немаа обезбедно елекронско галсање - со кревање на зелен картон наводните пратеници едногалсно го избраа Зијади Села за собраниски претседател. Поздравувајќи го громогалсен аплазу потсетија дека Села за малку ќе го загубел животот при изборот на Талат Џафери за собраниски претседател, а сега Џафери го гласа Села за прв човек на Собранието.

„Предлогот Зијадин Села да биде избран за претседател на Собранието на Македонија го ставам на гласање, кој е за.. констатирам дека Зијадин Села е избран за претседател на Собарнието’-– Али Ахмети, носител на листа во ИЕ6 .

„Почитувани пратеници благодарам за довербата. Продлжуваме со следните точки на дневниот ред“-– Зиајдин Села, носител на листа во ИЕ5 .

На дневен ред на симулираната седницата глатко поминаа и уставните измени и со максимални 120 галасови Бугарите влегоа во Преамбулата на македонскиот Устав. Усвоена беше и иницијативата за избор на претседател во Собранието со 2/3 мнозинство и со Бадентер.

„Констатирам дека со 120 гласа „за“ овие уставни измени на Северна Македонија се усвојуваат. Честитам и многу успеси„-– Зиајдин Села, носител на листа во ИЕ5 .

„ Држава која несамоволно одлучува за малите заедници кои немаат можност да бидат рамноправни, како постулат тоа го имавме предвид, затоа едногласно ја поддржуваме измената на Уставот, поддржуваме по пет години актуелниот претседател да покрене иницијатива шефот на државата да биде избран во Собранието, бидејќи тоа е директен одраз на застапеноста на граѓаните во највисокото законодавно тело“.-– Али Ахмети, носител на листа во ИЕ6 .

Симуалцијата беше заокружена со инаугураниција на престедателот Бујар Османи, кој по дадената свечена заклетва им се обрати на пратениците порачувајќи им дека со неговиот избор се срушиле и последните бариери за што граѓаните не можеле ниту да сонуваат.

Германскиот извоз во Иран значајно зголемен од почетокот на годината

Во јануари и февруари извозот на германска стока во Иран е зголемен за 22 отсто во однос на истиот период лани, на 241 милион евра. Увозот, пак, е намален за 13 отсто, на 41,2 милиони евра.

Извозот на Германија во Иран значително се зголеми на почетокот на годината, оздразувајќи го опоравувањето на размената во однос на ниската споредбена основа во 2023 година под влијание на построги санкции кон Техеран, објави денеска германскиот Заводот за статистика (Дестатис).

Во јануари и февруари извозот на германска стока во Иран е зголемен за 22 отсто во однос на истиот период лани, на 241 милион евра. Увозот, пак, е намален за 13 отсто, на 41,2 милиони евра.

Германија на почетокот на годината извезуваше главно машини и хемиски и фармацевтски производи во Иран. Во увозот доминираа прехранбените производи, главно ф'стаци и текстилните производи, меѓу кои и теписи. Во првите два месеци од годинава, Иран се најде на 64-то место на листата на германски извозни дестинации, зад Колумбија и пред Северна Македонија. Уште поскромниот обем на размена го покажува 91-то место на Иран во рангирањето на добавувачи.

Минатата година германскиот извоз во Иран е намален за 24,2 отсто, а увозот за 18 отсто, наведува Дестатис. Размената пропадна во 2018 година бидејќи САД се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и воведоа нови санкции кон Техеран, потсетува Заводот за статистика. Во јули 2023 година, санкциите беа заострени поради поддршката на Иран за руската инвазија на Украина, додаваат статистичарите.

притисни ентер