По брзина на интернет сме рангирани на 78 место во светот

Државава според брзината на интернет е рангирана на 78 место во светот од страна на специјализираниот британски сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk. 

Државава според брзината на интернет е рангирана на 78 место во светот од страна на специјализираниот британски сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk. Просечната брзина на интернет во државава изнесува 7,97 мегабити во секунда (Mbps), а за преземање 5 GB филм се потребни 1 час 25 минути и 38 секунди. Лани бевме на 68. позиција со просечна брзина на интернет од 8,82 мегабити во секунда.

Од државите во регионот Словенија е на 27 место, Србија е 44-та, Хрватска на 49, Бугарија на 50, Грција на 57, Косово на 60. позиција… Најбрз интернет во светот има во Тајван, по што следат Сингапур, Шведска, Данска, Јапонија… На дното на листата, на 208. позиција, е Јемен.

Од топ 50-те држави со најбрз интернет, 37 се во Европа.

Просечната глобална брзина на широкопојасен интернет, измерена во мај лани до мај годинава изнесува 11,03 Mbps, што претставува раст за 20,65 проценти во однос на мерењата за претходната година. – Со просечната брзина преземање HD филм со големина од 5GB во Тајван би требало да трае осум минути и две секунди, а над 30 часа во Јемен, покажува истражувањето на Cable.co.uk. /МИА

Регистрирани се 1069 нови случаи на Ковид -19, починале 29 заболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3012 тестирања, а регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-489, Куманово-60, Дебар-3, Штип-42, Прилеп-81, Тетово-36, Струга-36, Велес-36, Битола-37, Охрид-41, Кавадарци-37, Гостивар-42, Гевгелија-9, Струмица-30, Крива Паланка-13, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-10, Ресен-3, Неготино-18.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1242 оздравени пациенти од: Скопје-326, Куманово-111, Штип-36, Прилеп-69, Тетово-67, Струга-50, Велес-51, Битола-78, Охрид-55, Кавадарци-27, Гостивар-98, Гевгелија-15, Струмица-65, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-33, Пробиштип-5, Демир Хисар-13, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-7, Виница-14, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-68, Ресен-12 и Неготино-14.

Починати се 29 лица, седум пациенти од Скопје (82, 67, 78 83, 70, 66 и 56г), тројца од Куманово (63, 78 и 62г), четири од Прилеп (73, 65, 76 и 59г), еден пациент од Тетово (62г), двајца од Битола (66 и 85г), еден од Кавадарци (76г), четири пациенти од Гостивар (69, 69, 70 и 58г), тројца од Гевгелија (73, 75 и 71г), двајца од Струмица (63 и 77г), еден пациент од Радовиш (67г) и еден од Неготино (60г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62945, бројката на оздравени пациенти е 40188, на починати е 1792, а бројот на активни случаи изнесува 20965. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 27464, активни 10151

• Куманово 3806, активни 896

• Дебар 465, активни 100

• Штип 2717, активни 535

• Прилеп 3091, активни 1008

• Тетово 3859, активни 910

• Струга 1483, активни 440

• Велес 2028, активни 678

• Битола 2112, активни 882

• Охрид 1638, активни 604

• Кавадарци 1292, активни 491

• Гостивар 2599, активни 922

• Гевгелија 754, активни 232 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1741, активни 564

• Крива Паланка 444, активни 136

• Радовиш 442, активни 121

• Крушево 132, активни 70

• Кочани 1249, активни 237

• Пробиштип 365, активни 87

• Демир Хисар 202, активни 77

• Македонски Брод 173, активни 48

• Пехчево 100, активни 20

• Берово 367, активни 88

• Валандово 221, активни 66

• Виница 378, активни 148

• Делчево 462, активни 202 (135 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 154, активни 50

• Свети Николе 848, активни 230

• Кичево 1287, активни 472

• Ресен 464, активни 184

• Неготино 608, активни 316 (79 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3012 теста се преку: ИЈЗ-703, ЦЈЗ Скопје-78, Авицена-263, Биотек-304, МАНУ -219, Жан Митрев (Филип Втори)-256, Систина со PCR метода -212, лабораторија Лаор –36, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-1, Инфективна клиника-2, ГАК-9, Синлаб-59, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -802, УК Пулмологија со алергологија –7, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 335.298 тестирања на Ковид -19.

Швеѓанка го држела 30 години својот син во заробеништво

Седумдесетгодишна жена е уапсена во Стокхолм бидејќи го држела својот син во заробеништво 30 години, соопшти денеска полицијата и обвинителството.

40-годишен маж во неделата бил пронајден во многу лоша состојба од роднина во станот, изјавила за Ројтерс обвинителката од Стокхолм, Ема Олсон, велејќи дека тој се наоѓал таму можеби 30 години.

Неколку шведски медиуми цитирале роднина кој го затекнал како човекот лежи на ќебе на подот, тој бил без заби, не можел да зборува, а телото било покриено со рани и чиреви.

„Сега е во болница ... Знам дека му треба операција“, рече Олсон, кој не дала други детали за неговата состојба.

Весникот Експресен и другите медиуми објавиле дека синот бил изваден од училиште на околу 12-годишна возраст. Покрај него на ѕидот имало два календара од 1995 и 1996 година, а станот беше во неред, рекол роднина, како што пренесуваат медиумите.

Мајката ги негира обвиненијата за чување во заробеништво и сериозна телесна повреда, се вели во изјавата на Олсон. Ниту еден од нив не бил именуван.

Засега нема објаснување зошто синот бил држен во заробеништво.

Полицијата, предупредена од персоналот на болницата,го опколила станот во областа Ханкинг во Стокхолм.

„Истражуваме колку долго бил затворен синот, претпоставуваме дека е многу долго“, изјави портпаролот на полицијата за Ројтерс.

СЗО: Лоша е состојбата во Мексико

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека Мексико е во „лоша состојба“ со оглед на бројот на заразени и жртви од коронавирус.

Според мексиканската влада пандемијата најверојатно ќе се интензивира до јануари.

Мексико, со скоро 106.000 жртви од ковид-19, е четврта земја во светот според бројот на починати. Потврдените случаи на инфекција надминале 1,1 милиони, иако здравствените експерти предупредуваат дека бројот е веројатно многу поголем.

„Подемот на заразени и мртви во Мексико е многу загрижувачки“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус. „Мексико е во лоша состојба“, додаде Тедрос. До 12 октомври, околу 2.000 луѓе умирале неделно во земјата, но тој број сега е двојно зголемен.

Најмалку седум од 54 болници во Сиудад де Мексико кои лекуваат пациенти со ковид се исполнети, се вели во извештајот на Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарни работи (ОЦХА).

Мексиканскиот заменик-министер за здравство, Уго Лопез-Гател очекува пандемијата да продолжи да се влошува до јануари.

притисни ентер