Вчера заедно со мајка му Вероник, која е негов менаџер, заминаа во Торино , каде денеска објавија дека стана член на Јувентус. По седум години во дресот на парискиот тим , Рабио ќе го носи дресот на Јувентус наредните четири години.
Утре италијанскиот првак ќе има директен пренос од прес конференцијата каде ќе го претстави младиот Французин. Според договорот, повеќе од Рабио во Италија ќе заработува само Роналдо.
Годишната плата ќе му биде девет милиони евра , додека за споредба Марио Манџукиќ , кој е заменик капитен има половина од оваа плата. Освен загарантираните 36 милиони евра плата за четири години, , Рабио ќе добие уште 10 милиони евра само за потпис на договорот.
Освен тоа , како награда што го сочувала синот пред барањата на другите клубови , мајката на Рабио добива десет милиони евра награда како менаџерска провизија.
Мајката го сочува 24- годишниот Рабио пред барањата на Манчестер Јунајтед, Барселона, Ливерпул и Тотенхем, па наградата смета дека е заслужена.