Невидени насилни протести во Хонг Конг – Илјадници со шипки влегоа во зградата на Парламентот (ВИДЕО)

Илјадници демонстранти со маски на лицата и со метални шипки и голи раце го скршија влезот и упаднаа во зградата на парламентот во Хонг Конг.

Демонстрантите во Хонг Конг се пробија во зградата на Парламентот на 22 годишнината од враќањето на градот под власт на Кина во 1997 .

Тие директно побараа од Пекинг да го повлече законот со кој престапниците од Хонг Конг ќе одговараат пред судот во Пекинг , кога веќе во градот има независен правен систем , согласно договорот од 1997.

Поголема група млади луѓе под кациги , повеќето студенти, со метални шипки ја скршија вратата и влегоа во зградата на парламентот. Веднаш се вклучи и алармот во зградата , а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

По масовниот протест на 15 јуни , на кој се собраа околу 2 милиона демонстранти, гувернерката на Хонг Конг , Кари Лам го суспендираше спорниот закон , но не го отфрли. Тоа предизвика нов бран протести со барање за смена на Лам.

Заев го доби мандатот, вети европска, демократска и одговорна влада ослободена од етнички предрасуди

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го доби мандатот за составување нова влада од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во обраќањето пред претседателската вила Водно, откако мандатот му беше врачен, Заев рече дека најверојатно, пред да помине законскиот рок од 20 дена, земјава ќе добие ефикасна влада, влада која ќе го продолжи вистинскиот пат – кон ЕУ, која ќе го развива концептот „едно општество за сите", ослободена од какви било национализми и етнички предрасуди.

– Чест и одговорност ми е што како предводник на СДСМ и коалицијата „Можеме" денеска од претседателот Пендаровски го добив мандатот за составување нова, европска, демократска одговорна влада со институции кои уште подобро ќе им служат на граѓаните. Од овој момент, во рок од 20 дена имаме задача да создадеме програма и кадри на кои Собранието ќе има додели мандат да им служат на граѓаните, нагласи Заев.

Според него, Македонија ќе добие влада која ќе го продолжи јасниот правец – ЕУ, просперитет и долгорочна стабилност. Владата ќе има квалитетни, одговорни и отчетни кадри, а приоритет ќе бидат економијата, борбата со криминалот и корупцијата, како и прочистувањето на праводсутвото.

– Владината програма ќе биде во најголем дел посветена на економијата, на раст на плати и пензии, на вложувања во младите, во раст и развој, во грижа за најсиромашните, во поддршкја на домашното стропанство. Ќе водам влада која не знае за скршнување од патот и која по членството во НАТО, продолжува кон членство во ЕУ, истакна Заев и во оваа прилика упати честитки за Рамковниот договор зашто денес се навршуваат 19 години од неговото потпишување.

Претседателот Пендаровски пред да го довери мандатот се обрати кусо.

-Врз основа на член 84, согласно член 90 од Уставот и предлогот на коалицијата „Можеме", за мандатар за состав на влада го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието, рече Пендаровски.

Според член 90 од Уставот, по добивањето на мандатот, мандатарот во рок од 20 дена на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. /МИА.

Ахмети организира средба на албанските партии на годишнината од рамковниот договор

Попладнево  претседателот на ДУИ, Али Ахмети организира средба на лидерите на партиите од албанскиот кампус.

Средбата ја следи Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

На оваа тема гостин во вонредните вести на Канал 5 е организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби.

Пристигна ли некој од поканети и што во ДУИ очекуваат да произлезе од оваа средба, кој се организира на денот кога се навршуваат 19 години од потпишувњето на Охридскиот рамковен договор?

Целиот разговор погледнете го во видеото.

„Само Вистина“ вечерва со Тодор Петров и Абдулади Вејсели

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Тодор Петров и Абдулади Вејсели.

Почитувани гледачи, ќе бидат ли „мекици“ причина за одложување на конститутивната седница, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Тодор Петров и Абдулади Вејсели.

Поминаа 19 години од потпишување на Рамковниот договор, колку изгубија Македонците , а колку добија Албанците сиот овој период?

Влеговме во НАТО, заглавивме во европската чекална, дали националистичките побарувања ќе не направат поголеми европјани?

Промена на грб, знаме, химна и двојазични униформи, што уште ќе се измисли во „дух“ на Рамковниот договор?

Почнува ли повторно од далечина да се слуша звукот на оружјето?

Ќе се разбудат ли „демоните“ од 2001 година?

Денов најверојатно „долго“ ќе трае, кој ќе дојде на состанок кај Ахмети, а кој ќе оди на средба со Заев?

Размислува ли можеби ДУИ за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Левица?

Бизнисот „моли“ за поскоро составување влада, граѓаните на штрајк за поскапување на струјата, политиката ги става во сенка проблемите на граѓаните, а вечерва во Само Вистина, копјата ќе ги „кршат“ Тодор Петров и Абдулади Вејсели, на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер