ИЛИНДЕНСКО ГРНЕ

 Рецепт на  ЗЛАТКО АНТОВСКИ

         Потребни состојки: 500 гр.свинско каре, 500 гр. печурки, 1 говедски колбас, 100 гр. сланина,1-2 главици кромид, малку целер,3 домати, 4 кисели краставички, сол и бибер по желба.

Постапка:

Кромидот се сечка и се пропржува во подлабок сад со загреано масло.

Потоа се додава малку сечкан целер и се продолжува со пржењето.

За тоа време се сечка свинското каре во коцки и се додава во тенџерето.

Колбасот се сече на кругови и се додава во тенџерето.

Состојките се зачинуваат со сол и бибер по желба.

Се додаваат сечкани кисели краставички и сечкани печурки.

При крај се додава сечкани домати и сечкана сланина и се зачинува со сол и бибер по желба.

Потоа состојките се ставаат во земјено грне, а грнето во жар.

Се остава да крчка уште 15-20 минути.

Видео: Авион слетува над главите на туристите

На драматичната снимка се гледа моментот кога авионот прелетува над главите на туристите.

Аеродромот на грчкиот остров Скијатос е популарна туристичка атракција и голем број туристи чекаат покрај пистата за да им се случи вакво несекојдневно искуство.

Џеф Безос прв пат во јавност со љубовницата

На финалето на Вимблдон, сопственикот на компанијата Амазон а воедно и најбогатиот човек на светот Џеф Безос се појави со својата љубовница, 49 годишната Лаурен Санчез поради која се разведе после 25 години брак.

Се чини тој не можеше да и одолее на својата љубовница па наместо во теренот тој постојано гледаше во нејзе.

Пробал да шверцува кокаин под својата перика

Полицијата  во Шпанија на интернационалниот аеродром во Барселона уапси човек кој пробал на прошверцува  половина  килограм кокаин под својата чудна перика.

Надлежните велат дека  човекот  изгледал многу сомнително и нервозно. Тој во Барселона пристигнал со лет од Богора, Колумбиа. Полицајците биле зачудени и од изгледот на неговата перика и го запреле. Откако го замолиле да ја извади периката под неа се наоѓал спакуваниот кокаин кој бил проценет дека има вредност од околу 30 000 евра.

притисни ентер