Наградата „Астер" за Данчо Чеврески

Годинашното издание на „Астерфест" ќе се одржи од 26 до 29 јули, во Амфитеатарот во Струмица, под мотото „Кратки резови".

Наградата „Астер" на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест" за исклучителни достигнувања ќе му биде доделена на македонскиот филмски и телевизиски актер, Данчо Чеврески, а почесно признание ќе добие и документаристката Ким Лонгиното, на која плакетата ќе ѝ биде врачена во Велика Британија, соопштија денеска од организацијата на оваа филмска манифестација.

Годинашното издание на „Астерфест" ќе се одржи од 26 до 29 јули, во Амфитеатарот во Струмица, под мотото „Кратки резови".

За „Златната", „Сребрената" и „Бронзената потковица", како и за „Старозлатниот проектор" и за наградите „Ацо Алексов" и „Ѓорги Абаџиев" ќе се натпреваруваат следниве 24 кусометражни филмови: „Бродоломник" на Сабрина Маренго, „Водата" на Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш, „Врне" на Чиро Д'Емилио, „Двоен живот" на Јоб, Јорис и Мариеке, „Доверба" на Јулијана Нojхубер, „Егзодус 20" на Јана Недзветскаја, „Еден мал чекор" на Боби Понтилас и Ендру Чесворт, „Жолта" на Ивана Шебестова, „И што вели летото" на Пајал Кападија, „Исповедта" на Естебан Фонт Ројо, „Jа потпишав петицијата" на Махди Флеифел, „Кожа" на Гај Натив, „Кружно патување на монахот" на Жарко Иванов, „Лимерентност" на Оливер Пич, „Маркет Плејс" на Аник Кристијаенс, „Ноќ во градината" на Маршал Кари, „Од високо" на Дон Вестлејк, „Писма" на Александер Саварски, „Последната бура" на Лијам Сент-Пјер, „Различни" на Христина Белоусова и Данте Рустав, „Стар закуп" на Висенте Барела, „Тек" на Марија Грација Гоја и Робин Петре, „Фови" на Џереми Конт и „Човек-миленик" на Марзиех Абрарпајдар.

Покрај ова, ќе има специјални проекции и на филмовите „Четирипати" на Микеланџело Фрамартино, „Љубовта е сè" на Ким Лонгиното и „Хај-фај" на Владимир Блажевски, а ќе се одржи и традиционалната лауреатска беседа во Велјуса.

„Астерфест" е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

притисни ентер