Дурент за 164 мил. долари нов член на Бруклин Нетс

НБА ѕвездата на вицешампионот Голден Стејт  Кевин Дурент е нов член на Бруклин Нест, пренесува ЕСПН.

Иако е повреден и најверојатно му престои долга пауза по операцијата на ахиловата тетива Кевин Дурент  добил фантастичен договор  од Бруклин.

Американските медиуми пренесуваат дека популарниот Кеј Ди ќе потпише четиригодишен договор со Бруклин вреден дури 164 милиони долари, што е некаде 41 милион по сезона.

Оваа вест ја пренесе ЕСПН и најдобриот НБА инсајдер Војнаровски.

Инаку, покрај Дурент, тимот на Бруклин се засилува и со фантастичниот ол стар плејмејкер Кајра Ирвинг. Маестралниот бек го напуши Бостон  и сега го финализира договорот со Нетси вреден околу 141 милион долари.

Можеме ли конечно до победа против Полјаците

Нашата најдобра фудбалска репрезентација веќе заборави на триумфот над Словенија и е пред нов предизвик во квалификациите за пласман на Евро шампионатот во  2020.

Црвено жолтите вечерва од 20 часот и 45 минути на националниот стадион во Варшава му гостуваат на лидерот во групата силната селекција на Полска.

За македонскиот национален тим ова ќе биде петтиот дуел против Полјаците кои досега имаат три победи и едно реми. Избраниците на селекторот Ангеловски ветуваат дека се подготвени да ја прекинат лошата традиција и од Варшава да се вратат барем со бод со кои би ги задржале шансите за пласман на континенталниот собир.

Во последниот меѓусебен дуел во Скопје во јуни, загубивме со 0-1 во максимално израмнет меч во кој заслуживме најмалку бод.

На официјалната прес конференција пред дуелот во Варшава селекторот Ангеловски  истакна:

„Не е важно против кого играме, туку за што играме. Ние играме за нешто големо, и не може никој тоа да ни го одземе. Респект за Полска, но ние ќе го дадеме максимумот, а дали тоа ќе биде доволно за нешто, ќе видиме“.

Слично размислува и одличниот Стефан Ристовски кој на мечот против Словенија се врати во тимот .

 „Македонија е тука каде што е. Мораме да влеземе со ладни глави и психички каде што треба да бидеме. Зошто дуелот во Варшава  да не биде уште еден историски натпревар за нас?Полска има сериозен кадар, но не видов искрено дека квалитативно се којзнае колку разлика од нас. Свесни сме, но можеби и не сме за ситуацијата дека се бориме за ЕП“,рече Ристовски пред средбата.

Капитенот на Полска големата ѕвезда на Баерн Минхен, Левендовски пак преку социјалните мрежи порача.  

 -Максимално мотивирани на победа против Македонија. Се бориме за промоција на ЕП 2020“ – напиша Левандовски.

На вечерашниот меч  во нашиот тим поради повреда ќе недостасуваат повредените Барди , Дарко Велковски и Иван Тричковски, под знак прашалник е и настапот на Адеми.

Нервозниот Ѓоковиќ кон Мареј: Немој веќе да ми се обраќаш !

Новак Ѓоковиќ и Филип Краинановиќ загубија во второто коло на турнирот Шангај од Џејми Мареј и Нил Скупски 3: 6, 2: 6.

Во шестиот натпревар тензиите се зголемија, по што првиот тенисер на светот му порача на Британевот веќе да не  му се обраќа.

Српскиот тенисер прво се расправаше со судијата, а подоцна му се обрати на Шкотланѓанецот, братот на Енди Мареј  преку целиот терен.

Боксерска ѕвезда е во критична состојба по страшна сообраќајка (ВИДЕО)

Еден од најдобрите боксери на светот , Ерол Спенсер Џуниор е во критична состојба откако направил сообраќајна несреќа.

Боксерот дивеел со своето Ферари , по што слетал од патот , а возилот се превртело во воздух. Спенсер испаднал од автомобилот , а несреќата се случила кога се враќал од ноќен клуб во Далас.

Сведоците велат дека Спенс испаднал од возилото и се верува дека не бил врзан со појас. Брзата помош пристигнала многу брзо, а според првичните информации Спенс се здобил со сериозни повреди и е во критична состојба.Сепак, известувачот на ЦБС, Медисон Сојер, дознал дека е надвор од животна опасност.

Спенс во моментов е еден од најголемите светски боксерски ѕвезди. Тој во моментов ги поседува појасите на ИБФ и ВБЦ во велтер со забележани 26 победи и без пораз во својата професионална кариера.

притисни ентер