„Љубов е љубов“ прва парада на гордоста во Скопје

Виножито го обви Скопје, но не поради дождот – туку поради првата Парада на гордоста во земјава.

Сакаме љубов, сакаме слобода – не бараме да бидеме третирани како посебни, време е да добиеме еднаков третман, изјавија присутните. Иако горди, симптоматично е што дел од нив одлучија сепак да ги замаскираат лицата.

Пораки да не се робува на табуата дојдоа и од соседството. Вниманието го привлекоа неколку трансродови лица со впечатлива облека и шминка. Велат дека е доба на „модернизација“ на Балканот – да се отфрлат предрасудите и да се прифати секој каков што е.

„Важно е вакви паради да има секаде и драго ми е што се одржува и во Македонија бидејќи многу ЛГБТ лица немаат можност да го живеат својот живот онака како што сакаат и се чувствуваат. PRIDE е момент каде сите лица, без разлика дали се геј, лезбејки, бисексуалци или транссексуалци имаат шанса да излезат и да парадираат.“

Нешто пред пладне пристигна и колоритниот камионет кој ја предводеше масата народ кон Градскиот парк. Насмеаните лица, со овации, песни и транспаренти порачаа – чекориме, стоиме, постоиме.

На парадата беа забележани повеќе високи функционери, министри и амбасадори.

Премиерот иако поканет да ја предводи парадата – не се одзвал на повикот. Но сепак, во знак за поддршка на социјалните мрежи на Владата и Кабинетот на претседателот Пендаровски се објавени фотографии со пораки за мир и љубов.

Џонсон : Преземам целосна одговорност за жртвите од корона

Повеќе од 100.000 Британци починале од ефектите на ковид-19, покажуваат денешните официјални податоци, додека владата се обидува да ја забрза вакцинацијата и да го спречи ширењето на новите соеви на коронавирус.

Велика Британија е првата европска земја што го премина црниот број и петта во светот зад САД, Бразил, Индија и Мексико.

Вкупниот број на смртни случаи е 100.162, поголем од бројот на убиени цивили во Втората светска војна и двојно поголем од бројот на убиените во нацистичките бомбашки напади во 1940 и 1941 година, иако во тоа време имало помалку жители.

„Преземам целосна одговорност за сè што направи владата“, рече денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

„Можам да ви кажам дека навистина сторивме сè што можеме, продолжуваме да го правиме тоа, минимизирајќи ги загубите на животите и страдањата.

Тој додаде дека Британците „ќе се обединат како нација по пандемијата за да се сетат на оние што ги загубија своите животи и да им оддадат почит на несебичното херојство на оние кои се на првата линија, кои ги дадоа своите животи за да спасат други“.

Англија, најнаселениот дел од Велика Британија, повторно влезе во општ карантин на 5 јануари, затворајќи ги кафулињата, рестораните, продавниците за непотребна стока и училиштата за повеќето ученици. Воведени се дополнителни ограничувања за патувањата.

Велика Британија стана првата земја што ја одобри вакцината Фајзер во декември, ветувајќи дека ќе ги вакцинира сите над 70 години, оние кои се изложени на ризик, здравствените и социјални работници и жителите на домовите за стари и немоќни до средината на февруари.

Досега првата доза ја примиле 6.853.327 Британци, а втората 472.446.

Барселона е пред банкрот, должи милијарда и 173 милиони евра

Одамна е познато дека Барселона е во катастрофална финансиска состојба. Сега дојде и официјалната потврда.

Годишниот финансиски извештај на паднатиот гигант покажува дека вкупниот долг на Барселона изнесува една милијарда и 173 милиони евра, од кои краткорочни долгови, односно оние што треба да бидат отплатени до крајот на годината, се дури 730 милиони евра. Структурата на овој дел од долгот е следна: „другите“ трошоци се 300 милиони евра, кон банките должат 265 милиони евра, а кон „работничката заедница“ 164 милиони евра.

Тоа не е крај на страшната вест за Барса бидејќи мора веднаш да врати 440 милиони евра. Барселона преговара со доверителите да го продолжи рокот за отплата на овие долгови до 30 јуни 2021 година, со цел да отплати барем дел од нив со грејс период. Некои доверители се согласиле да го продолжат периодот на отплата на долгот, додека Барселона преговара со други за да и дозволи подоцна да ги отплаќа долговите. Барселона, според тоа, мора да плати цело богатство до летото. Сепак, ги нема тие пари и тешко дека ќе ги заработи за само пет месеци во услови на огромна корона криза.

До ново известување, Барселона не може да смета на приходи од билети и претплати, како и на заработка поврзана со денови на натпреварите и посета на стадионот, додека приходите од продажба на сувенири се значително намалени. Минатата сезона, со посилен тим од сегашниот, таа прерано испадна од Лигата на шампионите, па заработила помалку од очекуваното во натпреварувањето кое носи најмногу финансиски придобивки.

Објавувањето на финансискиот извештај покажува уште еден во низата големи удари што ги трпи Барселона. Клубот планирал да врати дел од долгот заработувајќи од продажба на билети. Барселона очекува да заработи 56 милиони евра до крајот на сезоната. Одлична сума, особено што ако се пресмета дека само 25% од капацитетот на Камп Ноу ќе биде дозволен да се пушти во продажба од февруари, а половина од стадионот од мај.

Барселона не може да заработи дури и на играчите и да покрие барем дел од огромниот долг со нивна продажба. Освен Ансу Фати, кој, за да биде целосно црно, е сериозно повреден и нема да игра два месеци, нема играчи на кои може да заработи значителни пари со продажба. Вредноста на трите најскапи засилувања во историјата откако дојдоа во Барселона падна на третина (Филип Кутињо, Усман Дембеле) или на половина (Антоан Гризман) од сумата што Барселона ја платила за нив.

Кога ќе ги споменеме играчите кои Барселона ги надплаќаше последните години, интересен дел од извештајот покажува дека Барселона на краток рок мора да отплати дури 126 милиони евра на сметките на 19 клуба и тоа од Бразил до Германија, до крајот на фискалната година. Сепак, со клаузулите, долгот на долг рок може да достигне до 196 милиони евра.

СДСМ: Зад бојкотот и саботажата на пописот стои Груевски, Мицкоски е само извршител

Ставовите  на криминалецот во бегство Никола Груевски потврдуваат дека зад бојкотот, зад саботажата на пописот стои лично Груевски, а Христијан Мицкоски е само негов извршител, се наведува во соопштението на СДСМ.

Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е раководена од Будимпешта а Мицкоски е само чувар на фотелјата во белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкоски се уште е во режимската матрица, се уште работи против интересите на граѓаните и државата.

притисни ентер