Google ќе ги поврзе Европа и Африка со подморски кабел

Google го објави поставувањето  на новиот подмарски кабел "Еквиано" кој ќе ја поврзе Африка со Европа во рамките на планираното проширување на инфраструктурата за клауд интернетот.

Еквиано ќе ја поврзе Јужна Африка со Португалија. Врската е  именувана по африканскиот писател и аболиционист Олаудаху Еквиан, кој живеел во 18 век. Во мемоарите, тој вели дека е роден во Нигерија , земјата која  најверојатно ќе биде првата каде ќе се  дели новиот кабел на Google, трет меѓународен кабел на оваа компанија.

Google го довери поставувањето на кабелот на Alcatel Submarine Networks. Договорот беше потпишан во четвртиот триместар од 2018 година.

"Equiano ќе биде првиот подморски  кабел кој вклучува оптички влакна наместо традиционалните преклопници на бранови должини ", се наведува од компанијата . Во текот на изминатите три години, тие инвестираа 47 милијарди долари во подобрувањето на нивната глобална технолошка инфраструктура. Equiano е нивна четврта инвестиција во подморскиот кабелски сегмент на глобално ниво.

притисни ентер