Филипче се пишмани – операциите за промената на полот нема да бидат на товар на фондот

Нема операции со средства на Фондот за здравствено осигурување за оние кои сакаат да го менуваат полот.

Министерот за здравство Филипче се попишмани со одлуката по негативните реакции на социјалните мрежи дека ова не е најголем проблем во здравството и многу деца чекаат лекување во странство.

Министерот изјавата ја даде вчера во организација на министерството за труд и социјална политика во соработка со Советот на Европа пред одржувањето на утрешната парада на гордоста во Скопје која утре ќе се одржии.

Иако на конференцијата неговите колеги министери за внатершни и труд и социјлана политика заедно со невладиниот сектор беше посочено дека е направено многу во делот на дискриминација со новиот закон против дискриминација, министерот Филипче по неговата изјава за операции преку фондот за здравство за менување на пол не доби голема поддршка по лавината негативни рекации од невладините и неговите колеги.

Од невладината ХЕРА, рекоа дека организациите кои се засегнати треба да дадат став.

Утре во Скопје ќе се одржи парадата на гордоста Скопје Прајд 2019 година.

Дневен хороскоп за 22. мај 2022 година

Дневен хороскоп за недела, 22. мај 2022 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите.

Кариера

Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни.

Здравје и совет

Нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете.

Кариера

Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати.

Здравје и совет

Имате смисла за хумор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време.

Кариера

Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни.

Здравје и совет

Почнете со здрава исхрана.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна.

Кариера

Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика.

Здравје и совет

Причекајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите.

Кариера

Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин.

Здравје и совет

Подобрување.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата фаза на ,,ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро.

Кариера

Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство.

Здравје и совет

Не претерувајте со колачи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста.

Кариера

Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи.

Кариера

Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина.

Здравје и совет

Се потрудивте да живеете уредно , што е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања.

Кариера

Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе.

Кариера

Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате посилно .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе.

Кариера

Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате.

Здравје и совет

Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор.

Кариера

Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги.

Здравје и совет

Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине.

„TikTok“ планира голем пробив во нова сфера

Има извештаи дека „TikTok“ тестира игри како дел од својата апликација во Виетнам и тоа е увертира пред големиот пробив во сферата на игрите.

Претставник на компанијата потврди за Ројтерс дека тестирале „HTML5“ мини-игри.

„Секогаш бараме начини да ја зајакнеме нашата платформа и редовно да тестираме функции и интеграции кои се од вредност за нашата заедница.“

Извори запознаени со плановите на „TikTok“ укажуваат дека се планирани игри кои ќе содржат реклами, а ќе бидат достапни од библиотеката на компанијата „ByteDance“. Се наведува дека оваа опција би можела да го зголеми времето кое корисниците го поминуваат во апликацијата „TikTok“.

Минатата година, „TikTok“ објави партнерство со компанијата „Zynga“ (позната по играта „FarmVille“) за создавање на играта „Disco Loco 3D“. Тоа е „HTML5“ игра која може да работи во рамките на апликацијата. Сега извештаите сугерираат дека ова е само почеток на гејмерските амбиции на „TikTok“.

Покрај тоа, „TikTok“ го тестира софтверот за стриминг на игри, со својата опција „Live Studio“ за компјутер. На одредени креатори им е дозволено и да додадат поголема интерактивност, преку мини-апликации во видео клиповите.

Извор:Б92

МОТ и УНИЦЕФ: Милијарда и пол деца без семејна или детска помош

Се проценува дека поради растот на сиромаштијата и социјалната загрозеност, тој број до крајот на годината би можел да се зголеми за уште 8,9 милиони.

Неодамнешното заедничко истражување на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) покажа дека повеќе од 160 милиони деца се работно ангажирани во светот, што значи едно од десет деца на возраст од пет до 17 години.

Се проценува дека поради растот на сиромаштијата и социјалната загрозеност, тој број до крајот на годината би можел да се зголеми за уште 8,9 милиони.

„Социјалната заштита ја намалува сиромаштијата и ранливоста на семејството – клучни причини за детскиот труд", се вели во соопштението на МОТ и УНИЦЕФ, додавајќи дека „премногу мал напредок е постигнат во обезбедувањето на сите деца да уживаат социјална заштита".

Во светот, 73,6 отсто, или приближно 1,5 милијарди деца на возраст под 14 години, не добиваат семеен или детски паричен надоместок, така што МОТ и УНИЦЕФ велат дека големиот социјален јаз мора брзо да се елиминира.

„Владите можат да спроведуваат политики за подобрување на социјалната заштита, но ако креаторите на политиките не постапат решително, пандемијата COVID-19, актуелните воени конфликти, растечката сиромаштија и климатските промени само ќе ја зголемат распространетоста на детскиот труд", се вели во студијата, пренесува Бета.

Со цел да се елиминира детскиот труд, МОТ и УНИЦЕФ дефинираа голем број препораки, вклучително и проширување на социјалната заштита на две милијарди работници во неформалната економија, изградба на интегрирани системи за социјална заштита и надградба на политичката посветеност за ставање крај на детскиот труд, се вели во соопштението. /МИА

притисни ентер