Овој астероид би можел да ни донесе милијарда долари

Иако потеклото на златото и понатаму мистерија, научниците откриле астероид кој содржи доволно вредни метали кои теоретски на секоја личност на Земјата би и донеле скоро милијарда долари.

Станува збор за астероидот Psyche 16 кој се наоѓа меѓу Марс и Јупитер, а кој содржи огромни количини злато, железо и никел.

Сега останува на научниците своето откритие и да го докажат, а американската вселенска агенција НАСА планира да го започне тој процес во 2022 година.

Меѓутоа, како што пренесува „РТ“, се поставува прашањето дали може да се искористи златото од вселената.

Професорот Џон Зарнецки, претседател на Кралското астрономско здружение, проценува дека потребни се 25 години за докажување на концептот, а 50 години за почеток на комерцијалното производство. Нормално, тоа зависи од две клучни работи, економската исплатливост и напредокот на вселенската технологија.

Исто така, многу светски сили би сакале да се “докопаат“ до златниот астероид, а Кина дефинитивно планира во тоа да доминира.

Мич Хантер Скулион, основачот на британска компанија за рударство на астероиди (Asteroid Mining Company), за „БиБиСи“ изјавил дека ова е дефинитивно наредниот индустриски “бум“.

„Кога ќе воспоставите инфраструктура, тогаш можностите се скоро бесконечни. Тие кои ќе бидат доволно храбри да го прифатат предизвикот кој се однесува на астероидите ќе заработат огромна количина на пари“ – изјавил тој.

„Тоа што го правиме на Земјата сега е импресивно, но и потрагата за злато во вселената е само прашање на инфраструктура. Со време ќе дојдеме и до тоа“ – изјавил Скот Мур, директор на компанијата „Јуросан мајнинг“ (EuroSun Mining).

Постојат астероиди кои поминуваат близу до Земјата и кои би можеле да бидат и “турнати“ во орбитата за да може од нив да извлечат вода и други елементи. Исто така, тука е и Месечината која содржи ресурси на злато и платина.

Иако рударството бара  гравитација која е шест пати поголема од Земјата отколку на Месечината, научниците тврдат дека сепак е доволна за успешно извршување на процесот.

Денеска веќе постои глобален пазар за вадење руда од астероиди, а се проценува дека до 2025 година ќе биде повреден од 3.8 милијарди долари.

Глобалната вселенска економија денеска вреди околу 350 милијарди долари, а до 2040 година таа вредност ќе биде зголомена на 2.4 трилиони долари.

Квентин Тарантино ќе стане татко

Славниот режисер објави дека неговата жена Даниела е трудна.

Тарантино ја запознал својата одбраница 2009-та година за време на промоцијата на филмот „Inglorious Basterds“. Тие се венчале во 2017-та година.

Фото: Јелена крај базен во црно-бел костим за капење

Јелена позирала покрај базенот од вилата на Саша Поповиќ во опатија а многумина се воодушевија од фотографијата.

Јелена Карлеуша е моментално на гости кај директорот на „Гранд“ Саша Поповоќ во Опатија. Таа со фотографии по социјалните мрежи покажува колку ужива на хрватското приморје.

Таа е тамо со своите ќерки и сопругот а познато е дека таа и Саша се големи пријатели.

Јелена позираше крај базенот од вилата на Попович во црно- бел костим за капење.

Засташувачка глетка: 11.000 мртви птици

Мештаните во близина на Големото езеро во Монтана ги преплаши страшен призор, повеќе од 11.000 птици паднале мртви од небото.

Експертите тврдат дека скоро една третина од птиците во околина на Големото езеро, умреле или претрпеле озбилни повреди за време на невреме во кое дувало ветар со брзина од 112 километри на час.

притисни ентер