Фудбалер има последна желба – утре да му дојдат фановите на вечера (ВИДЕО)

Поранешниот холандски фудбалер Фернандо Риксен и играч на Рејнерси и на Зенит , ги  брои последните денови од животот на возраст од 42 години.

Само неколку месеци откако во 2013 година ја заврши кариерата Риксен откри дека е смртно болен кога му беше дијагностицирана АЛС, или амиотрофична латерална склероза, која го напаѓа нервниот систем и постепено доведува до целосна парализа.

Неговата сопруга Вероника се обидува на секој начин да се намали болката , така што пред три години договори средба со Кристијано Роналдо во Мадрид.

Ќерката на Фернандо, Бела, доби подарок од Роналдо , но тоа не беше како што замисли Вероника.

" Не можам да кажам дека бев возбуден за средбата. Нашата ќерка Бела сакаше да го види, бидејќи тоа беше човекот што постојано го гледаше на телевизија” вели Вероника откако Португалцот не понудил каква било помош.

"Тој и даде испотен дрес нашата ќерка. Го зеде веднаш по натпреварот, и го даде на Бела и си отиде", се сеќава сопругата на Фернандо и додаде дека се обидела да организира состанок и со Диего Марадона, но тој не се појави, туку го повика Риксен да дојде кај него.

Риксен сега е во последната фаза и од болнички кревети сними видео порака, во која ги повикува своите фанови на хуманитарната вечера, неговата последна.

"Здраво. Ќе одржам посебна вечер на 28 јуни . Како што станува се потешко, тоа ќе биде мојата последна . Дојдете и да ја претвориме оваа вечер за паметење. Се надевам дека ќе се видиме наскоро", изјави 42-годишниот Риксен, кој кариерата ја помина играјќи во одбраната.

Вечерата ќе се одржи утре, на 28 јуни во GoGlasgow Urban Hotel, а билетите ќе чинат 70 фунти. Повеќе од 300.000 луѓе ја погледнаа неговата порака за само еден ден.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

притисни ентер