Во Скопје и Штип поголеми концентрации на прашина и ПМ честички во градинките и училниците отколку надвор

Во градинките, училниците и училишните спортски сали во Штип и Скопје има поголеми концентрации на прашина и ПМ честички отколку во надворешниот воздух.

Сообраќајот значително влијае на изложеноста на луѓето на загадувачките материи, а фекалиите од канализациските мрежи се најголемите загадувачи на реките Вардар и Брегалница.

Овие заклучоци се добиени по мерењата на квалитетот на воздухот, водата и почвата во Скопскиот и Штипскиот регион кои ги направи Факултетот за природно-технички науки и лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, а во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!".

Универзитетскиот професор Дејан Мираковски од штипскиот Факултет за природно-технички науки појаснува дека концентрациите на прашина и ПМ 10 честичките се екстремно повисоки во занималните во градинките, училниците и спортските сали отколку во надворешниот воздух. Присуството на ПМ 10 честичките три до пет пати ги надминува дозволените дневни вредности. Тој забележува дека во периодот надвор од активните часови прашината бргу се таложи и концентрациите се изедначуваат или се спуштаат под амбиентните што укажува дека основната причина за високите концентрации на ПМ 10 честичките е повторно кревање на прашина во активниот период.

– Еве децата престојуваат во затворени простории, а тие се доста активни во училниците и салите, така што постојано ја ресуспендираат прашината која што паѓа, а за ситните фракции кои се поопасни за здравјето не се толку високи. Меѓутоа, се повисоки од тие што ги има во амбиентот, вели Мираковски.

Тимот на научници ја истражувал изложеноста на велосипедистите на аерозагадувањето во близина на сообраќајниците во Скопје. Резултатите покажуваат дека персоналната изложеност на велосипедистот кој се движел во зони со интензивен сообраќај е повисока за околу 70 проценти кај ПМ 10 честичките и за 60 проценти кај ПМ 2,5 честичките, отколку кај велосипедистот кој возел на место каде што немало сообраќај.

Најголеми загадувачи на реките Вардар и Брегалница се дефинитивно отпадните води од канализациските мрежи, отпад од фармите и хемиските материи што се користат во земјоделството. Мерењата покажуваат драстично високи концентрации на фосфор и зголемени концентрации на нитрити. Примероци од Вардар се земени кај мостот што ги спојува Сарај и Ѓорче Петров и кај Градскиот стадион, додека примероци од реката Брегалница се земени од околината на селото Карбинци, штипската населба Ново Село и под селото Суфилари каде што е испустот на колекторот на отпадни води на Штип. Мираковски вели дека на овие локации се укажува оти главната причина за лошиот квалитет на водите во реките е несоодветното третирање на комуналните отпадни води.

Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии забележува дека направени се и истражувања на почвата во Штип и во Скопје, а резултатите покажуваат дека концентрациите на тешки метали во ниту еден од примероците не може да се оценат како високи независно од зоната од каде биле земени и не се детектирани зони во кои постои потреба за санација на почвата од аспект на содржина на тешки метали. Но, тој потенцира дека резултатите коишто ги имаат добиено научниците се само информативни, бидејќи во нашата земја не постојат национални стандарди за мерење на квалитетот на почвата, туку резултатите се споредувани со стандардите и регулативата на Холандија.

– Во Македонија за жал нема регулатива за мерење на квалитетот на почвата, односно нема прецизирано индикатори, критериуми според кои ќе се мерат концентрациите на загадувачки материи и доколку се надмине нивото какви мерки треба да се преземат за санација на почвите, вели Андонов.

Додава дека мерењата биле направени во периодот од 15 мај до 20 јуни годинава во Скопје и во Штип од страна на лабораторијата на АМБИКО при УГД Штип, а кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!" ја реализира Институтот за комуникациски студии, а проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер