За еден месец на видео игри се потрошени девет милијарди долари

На порталот SuperData Research  на компанијата Nielsen објавени се податоци според кои играчите на видеоигри во светот само за додатоци во мај годинава потрошиле речиси девет милијарди долари.

Во мај играчите на видеоигри и дигитални додатоци поврзани со нив потрошиле 8,7 милијарди долари. Иако се чини дека сумата е невериојатно висока , тоа е за 4 проценти помалку отколку во мај минатата година. Причината е пад на потрошувачката на мобилните игри за шест проценти , кои имаат поголем удел отколку игрите на компјутер и конзоли заедно.

На компјутерските платформи и натаму доминиора League of Legends , додека на второ место се најде Dungeon Fighter Online, која е популарна во азиските земји. Потоа следува кинескиот MMORPG Westward Journey Online II, а по неа и другите игри популарни на западниот пазар.

Од игрите на конзоли најпопуларни се оние на Fortnite и FIFA.Втората е значително падната во однос на играчите минатата година , што се смета дека е поради светското првенство во фудбал во Русија.

На мобилните платформи играчите најмногу пари издвоиле за играта Honour of Kings, а потоа за Perfect World, Candy Crush и  Clash of Clans.

За викендот нема автобуси до Водно, нема да работи ниту Жичарницата

 Поради одржување на ридски натпревар во автомобилизам на Водно, во сабота и недела нема да сообраќаат автобусите на линиите 25, 25А и 25Б, соопшти ЈСП Скопје.

За време на викендот нема да работи ниту Жичарницата на Водно.

Фото: „Жешката“ Никол во бело бикини

Нови „жешки“ фотографии на светската музичка ѕвезда Никол Шерзингер.

 Атрактивната Никол дефинитивно знае како да предизвика хаос на социјалните мрежи.

Веќе подолго време Никол ужива на одморот во родните Хаваи, од каде редовно своите милионски фанови на социјалните мрежи ги „пали“ со фотки на кои во предн план е нејзиното совршено тело.

Во новите фотки Никол позира во бел едноделен костим за капење кој го истакнува нејзиниот сексапил. 

Популарната пејачка воедно може да се види и во минијатурно бикини како осамена  но, задоволна ужива на плажа во Хаваи.

Фото: Го заборави Бредли, Ирина во друштво на друг маж!?

Убавата руска манекенка Ирина Шајк кој во последните неколку месеци многу често беше присутна во медиумите поради разделбата со актерот Бредли Купер  е видена во друштво на друг маж.

Атрактивната Ирина која во моментов престојува во Њујорк  папараците ја фотографирале во друштво на друг маж .

Според некои медиуми станува збор за нов маж во нејзиниот живот, но подоцна се испоставило дека Ирина е видена во друштво на својот  пријател Алек Максвел, креативниот директор на британското издание на „Вог“.

притисни ентер