Влада: Ќе се преиспита исполнувањето на правната основа за Иловица

На 141 седница на Владата беше одлучено да започне имплементацијата на NICS системот за менаџирање кризи на НАТО , ќе му се доделат 1 милион денари на Бесир Алили за европската шампионска титула во борење.

Владата на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина - бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Владата го задолжи Министерството за економија, доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина - бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село со број бр.24-4563/1.

На оваа своја седница, Владата го усвои Годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Северна Македонија за 2018 година и согласно член 27 од Законот за јавен долг да го достави до Собранието на Република Северна Македонија.

Јавниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5% во однос на БДП. Државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5% во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг, Република Северна Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2018 година изнесува 80,8%.

Годишниот извештај за управувањето со јавниот долг има за цел поблиску и на редовна основа да ги информира Владата и Собранието на Република Северна Македонија и да ја запознае јавноста со карактеристиките на должничкото портфолио на Република Северна Македонија, како и со преземените мерки за негово ефикасно управување во текот на минатата година.

Владата денеска ја разгледа Информацијата за дигитализација на Системот за управување со кризи преку имплементацијата на NICS - Next Generation Incident Command System - NATO SPS Project (Следна генерација на Систем за управување со инциденти) во Република Северна Македонија, ги задолжи сите органи на државната управа и им укажува на институциите кои немаат статус на органи на државна управа, активно да учествуваат во дигитализацијата на Системот за управување со кризи и целосно да го имплементираат и интегрираат NICS во своите институции.

NICS апликацијата претставува дигитализација на Системот за управување со кризи и овозможува командување со ангажираните ресурси (единици, тимови и МТС) во рамките на секоја институција од Системот за управување со кризи, меѓуресорска координација, соработка и комуникација помеѓу институциите ангажирани на справувањето со инцидентите, кризите и кризните состојби, и размена на податоци и информации (текст, слика и видео содржина) во реално време.

Целосната имплементација на NICS проектот ќе се реализира до 1 декември 2020 година, што практично значи дека Република Северна Македонија како 30-та членка на NАТО, ќе има имплементиран современ дигитален систем за управување со кризи.

На денешната седница, Владата ја усвои програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно со мрежата на здравствени установи (2019-2022). За 2019 година одобрени се вкупно 346 специјализации, за 2020 година вкупно 241 специјализации, за 2021 година 184 специјализации и за 2022 година вкупно 160 специјализации.

Покрај специјализациите, Владата на Република Северна Македонија одобри и супспецијализации и тоа за 2019 година вкупно 69 супспецијализации, 24 за 2020 година, за 2021 година се одобрени вкупно 22 супспецијализации и за 2022 година одобри вкупно 16 супспецијализации.

Владата на Република Северна Македoниja ја разгледа и усвои Информацијата за подготовките за учество на делегација на Република Северна Македонија на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан, на 4-ти и 5-ти јули 2019 година во Познан, Полска, со предлог платформа за настап на делегацијата, и ја задолжи Кацеларијата на Претседателот на Владата на РСМ, заедно со Министерството за надворешни работи да направат првична консултација со бугарската страна околу концептот на идното копретседавање со Берлинскиот процес, кое заеднички треба да го преземат Северна Македонија и Бугарија.

Владата денеска донесе одлука да му додели 30 милиони денари на Ракометниот клуб Вардар за освоената титула Европски шампион во ракомет, како и одлука да му додели 1 милион денари на Бесир Алили за европската шампионска титула во борење во категоријата кадети и 300 илјади денари на неговиот тренер.

На денешната седница, Владата на РСМ ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување на Конвенцијата за надлежност, меродавно право, признавање, извршување и соработка во поглед на родителската одговорност и за мерките за заштита на децата, усвоена во Хаг во 1996 година, која има за цел заштита на децата изложени на ризик во прекугранични ситуации, за заштита од прекуграничната трговија со луѓе и експлоатацијата на децата во услови на војни, миграции, граѓанските немири или природни катастрофи.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер