САД ќе ја финасираат модернизацијата на АРМ со 25 милини долари

Соединетите Американски Држави одобрија 110 милиони долари помош за четири земји од Западен Балкан за набавка на оружје, како дел од ERIP-програмата за замена на борбените системи од Советскиот Сојуз со оружје од западно потекло.

Како што објави порталот Балканска безбедносна мрежа (истражувачки портал на новинари и уредници од ЈИЕ на теми од одбраната и бебедноста), Пентагон делумно ќе ја финасира набавката на борбени возила за Армијата на Северна Македонија и на Хрватска, како и за повеќенаменски хеликоптери за Вооружените сили на Босна и Херцеговина и Албанија.

Програмата ERIP (European Recapitalization Incentive Program) покрената е од страна на Владата на САД во 2017 година со почетен буџет од 190 милиони доалари со цел на владите на шест источноевропски земји да им се помогне во замената на советската тенологија во своето вооружување.

Покрај Северна Македонија, Албанија, Хрватска и БиХ кои имаат добиено 110 милиони долари, со програмата се опфатени и Грција со 25 милиони и Словачка со 50 милиони долари.

Како што наведува истражувачкиот тим на Балканската безбедносна мрежа,  за ралика од наведените земји, во најдобра ситуација со програмата ERIP е Северна Македонија, која за замена на 22 борбени возила со гасеници (11 БМП-2 и 11 МТ-ЛБ) има добиено 25 милиони долари.

-25-те милиони долари не се доволни за замена, но можно е преку донација на користени Bredli или M113 да се направи најнапредната достапна модернизација. Исто така, можно е да се купат нови борбени возила на пешадијата од американско потекло, со што значително ќе се зголемат оперативните способности на Армијата на Северна Македонија, наведуваат од Балканска безбедносна мрежа.

Покрај Северна Македонија и Хрватска ќе добие 25 милиони долари за замена на оружје од југословенско и советско потекло, за БиХ се наменети 30 милиони долари, исто колку и за Албанија.

„Интересно е што економски силните земји, како што се Полска, Чешка и Унгарија, кои имаат руска технологија, се изоставени од програмата. Дали поради тоа што немаат потреба од финансиска поддршка или поради тоа што веќе имаат сериозни договори со европските производители на оружје"-се наведува во текстот на Балканска безбедносна мрежа.

Порталот наведува дека оваа програма започнала како резултат на тензиите во односите меѓу Западот и Русија, што го поттикнало Вашингтон да ја започне програмата за финансирање со која источните земји од НАТО ќе почнат да го заменуваат советското и руското воружување со опрема од западно потекло. 

Предлог компромис за Македонија и Албанија-пристапни преговори во април или мај 2020

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година.

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година, брифираат за Канал 5 дипломати од ЕУ.

 Во продолжение се наведува дека идејата била Франција во меѓувреме да изработи предлог за реформирање на процесот за проширување до јануари, велат дипломатски извори од Брисел. Како што е познато, Париз се спротистави на почетокот на пристапните преговори се додека процесот не биде реформиран. Засега нема договор за вметнување на конкретен датум во предлог компромисот.

За овој предлог компромис  ќе дискутираат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон,холандскиот премиер Марк Руте и финската премиерка Мете Фредериксен,брифира друг дипломат од ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет , Доналд Туск се обидувал да ги натера да се согласат,вели друг дипломат и додава дека новоизбраниот претседател на Европскиот Совет , Шарл Мишел нема голема желба за процесот на проширување на ЕУ.

Македонските преговори и вечерва на маса пред европските лидери

Со лоши сигнали од Брисел и без никакво поместување на тврдиот став на Макрон, мина првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија, кои утре и формално се очекува да се изјаснат за македонските преговори со Унијата.

Проширувањето не се спомена ниту на вечерашната пресконференција на првите луѓе на Унијата, Јункер и Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Дали има простор за позитивна вест, Александар Видиновски од Брисел.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

притисни ентер