Поднесено е обвинение против „Ел Чека“

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против „Ел Чека“ за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од кривичниот законик.

„Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори“, наведе обвинителството.

Исчезнат е дедо Мирослав

Исчезнат е Мирослав Видовски.

Го нема седум дена. Дедото има 73 години и живее во Центар, на улицата „11-ти октомври“, од каде му се губи трагата.

Неговото семејство се јави во Канал 5 порачувајќи доколку некој има било какви информации да се јави на бројот 077-626-145 и да ја информира госпоѓа Милка.

Повредена 18-годишна девојка откако во неа удрил возач на голф

 Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато", вчера околу 18:30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф" со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот".

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Тетово.

УЈП ќе постави информативни пултови за мерката за поврат на ДДВ

 Управата за јавни приходи (УЈП) денеска попладне ќе постави пулт „Мој ДДВ" во Веро 2 Тафталиџе во Скопје, каде граѓаните ќе можат да се информираат за мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ.

Вакви промоции на Мој ДДВ во наредниот период ќе се случуваат во повеќе градови низ државата, најави УЈП. 

притисни ентер