ЕК: Има разлика во составот на производите во источниот и западниот дел од ЕУ

Европската комисија соопшти дека тестирањето на прехранбените производи покажало дека некои производи во исто или слично пакување се разликуваат по составот во различни земји.

Членките на ЕУ од источниот блок долго се жалеа дека им испорачуваат производи кои не се идентични со оние на пазарите на западната унија.

Претседателот на европската комисија, Жан-Клод Јункер во говорот за состојбата на унијата, се обврза дека ќе се занимава со прашањето за различните квалитети на производите во зависно од тоа дали се продаваат на “старите” или “новите” земји-членки на ЕУ.

Истражувањето спроведено од страна на заедничкиот истражувачки центар (ЈРЦ) на Европската комисија покажа дека девет отсто од споредуваните производи, иако пакувањето е исто, се различни по состав.

Уште 22 проценти од производите се различни во составот а пакувањето им е слично, покажала анализата на речиси 1.400 прехранбени производи во 19 земји-членки на ЕУ.

Чавушоглу во Скопје на средби со Заев, Димитров и Османи

Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по покана од министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Македонија.

Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на денешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. /МИА

30 дневен притвор за Боки 13

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е остварено, на Бојан Јовановски- Боки 13 му е одреден 30 дневен притвор од страна на Кривичниот суд. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Одземен и е мобилниот телефон на Катица Јанева

Oобвинителството за организиран криминал вечерва во рамките на претресите за случајот со рекетот од 1,5 милиони евра, било и во домот на Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка што денеска си поднесе оставка

Повеќе информации во видеото.

притисни ентер