Пратениците на „генерална проба“ пред утрешната расправа за реконструкцијата

Дебатата за статутот на УКИМ се претвори во кавга меѓу власта и опозицијата за владината реконструкција. 

Жестоката расправа за оставката на заменик министерот, Петар Атанасов, но и за квалитетите на останатите министри ја одбележа седницата на собраниската Комисија за образование.

Министерот за образование, Арбр Адеми вели жали за оставката на Атанасов.

Не е целосно задоволен и од својата работа вели секогаш има простор за подобрување.

 Заев во неделата достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски како нов министер за земјоделство, Горан Милевски за локална самоуправа, Насер Нуредини за животна средина, Хусни Исмаили за култура, Садула Дураку ќе раководи со новото министерство за политички систем.

Премиерот се самопредложи за прв човек на министерството за финансии. Оваа одлука на Заев според министерката за одбрана, Радмила Шекеринска е во рамки на владина програма оваа година да се стави акцент на растот на економијата.

Седницата по предлогот на премиерот Заев е закажана за утре во 11 часот. Пратениците, согласно Деловникот имаа два дена за расправа по предлогот за нов владин состав.

Чавушоглу во Скопје на средби со Заев, Димитров и Османи

Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по покана од министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Македонија.

Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на денешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. /МИА

30 дневен притвор за Боки 13

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е остварено, на Бојан Јовановски- Боки 13 му е одреден 30 дневен притвор од страна на Кривичниот суд. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Одземен и е мобилниот телефон на Катица Јанева

Oобвинителството за организиран криминал вечерва во рамките на претресите за случајот со рекетот од 1,5 милиони евра, било и во домот на Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка што денеска си поднесе оставка

Повеќе информации во видеото.

притисни ентер