Нема подобрување на положбата на Македонците во Бугарија

Расизам и дискриминација во однос на македонското малцинство во Бугарија констатира последниот извештај на мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа во рамки на постмониторинг дијалогот со Софија.

Како сериозен проблем на соседите го посочуваат расистичкиот говор кон Македонците и односот кон македонското малцинство кое не е признато од бугарските власти.

Како резултат на тоа, во Комисијата за малцинства нема македонски претставник. Македонците не се вклучени во програмите што се однесуваат на етничките заедници и не добиваат каква било помош од државата за зачувување и развој на нивната култура и идентитет. Во училиштата не се изучува  македонскиот јазик или историја.

Здруженијата на Македонците од Бугарија очекуваат реакција од македонските власти иако како што велат Договорот за добрососедство не промени ништо.

Односите на релација Скопје – Софија во изминатиот период се затегнаа и околу спорот за Гоце Делчев. Европратеникот од владејачката ГЕРБ Андреј Ковачев синоќа во телевизиско интервју тврдеше дека Бугарија не се се обидува да присвои ниту една историска личност.

Тоа е апсолутно погрешно. Ние ништо не им земаме бидејќи тие се наследници на македонските Бугари. Тие се и нивни. Тоа треба да им го објасниме во тој нелицемерен дијалог.

Никој ништо не зема затоа што тие се и нивни.

Комисијата за следење на обврските на земјите членки на ЕУ, Договорот за добрососедство го препознава како напредок на Бугарија, но германскиот парламентарeц Франк Швабе и унгарскиот Золт Немет, изразија загриженост поради непризнаеното македонско малцинство.

Не е регистрирана ниту една македонска организација или партија. Нашите соговорници тврдеа дека има дискриминација против членовите на нивната заедница.

Новинарска проекција и прес на филмот „Врба“ пред повеќе од 80 медиуми од светот (видео)

Денеска, во Аудиториумот Парко дела Музика, каде се одвива третиот фестивалски ден на Римскиот филмски фестивал, за време на новинарската проекција на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски беше преполно.

На прес скринингот присуствуваа повеќе од 80 светски медиуми, меѓу кои и најрелеватните италијански медиуми. На проекцијата, покрај новинарите присуствуваа и студенти од факултетите по Историја на уметност и од Факултетите за драмски уметности од Рим. Салата беше преполна до последното место. 

Веднаш по новинарската проекција, беше одржана конференија за печат на која присуствуваа режисерот Милчо Манчевски и трите хероини од „Врба“, актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски.

„Луѓето се исти, без оглед каде и кога живеат. Она што нам ни беше важно е да проговориме за човечките дилеми, болки, разочарувања и радости... од аспект на еден обичен човек, женски човек. Врба можеби не е моето омилено дрво (ако подобро размислам, повеќе ги сакам тополата, чемпресот, липата и медитеранскиот бор), ама врбата е поблиска како симбол со она што го кажува филмот. Жална врба - ова се три тажни приказни со среќен крај“, изјави Манчевски.

Трите актерки Сара, Наталија и Камка, блеснаа во полн сјај на средбата со новинарите, одговарајќи искрено и непосредно на прашања врзани со нивните ликови од филмот.

Вистински куриозитет е што на крајот од пресот новинарите ја почестија филмската екипа со френетичен аплауз.

И по завршувањето на проекцијата на Врба, се случи долга тишина, па аплауз, што е необично за прес проекции.

Официјалната гала светска премиера на „Врба“ е закажана за вечерва во 22.30 часот, а половина час претходно филмската екипа од филмот ќе помине на црвениот килим.   

Врба е во официјалната програма на фестивалот помеѓу други 32 филмови, од кои вкупно 24 се играни, останатите 9 се документарни филмови. 

„Врба“ е шестиот долгометражен филм на Милчо Манчевски. Во филмот игра млада актерска екипа: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски. Во останатите улоги се Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Париз: Ново одлагање на Брегзит не е во ничиј интерес

Ново одлагање на Брегзит не би било во ничиј интерес, вели француски дипломатски извор по одложеното гласање за Брегзит.

„Франција ќе се консултира со европскиот парламент и не може да донесе одлука во оваа фаза“, вели изворот.

Се наведува и дека сега е оставено на британскиот парламент да го одобри договорот или не.

Британските пратеници го подржаа предлогот да се повлече гласањето за договорот за Брегзит на Борис Џонсон до усвојување на закон за негова ратификација.

Ахмети: Изборите се најдобро решение

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека изборите се најдобро решение, по недобивањето на датумот за започнување на преговорите.

– Мислам дека најдоброто  решение за нашата земја е да се оди на вонредни избори. Јас би сакаал да не се бара вина бидејќи е неприфатливо да се прифати неправедна вина. Вината не се наоѓа кај земјите аспиранти и најдоброто решение е да се направи нова понуда за граѓаните, изјави Ахмети.

Според него, од недобивањето датум, не треба да се разочаруваме, туку да се организираме и да бидеме поуспешни во почнатите реформи.

-Зошто да ја прифатиме вината која ја немаме направено. Имаше и канцелари од цела Европа кои истакнаа дека грешката е во нив затоа што како ние и Албанија ги исполнуваме сите барањата на ЕУ, наведе Ахмети кој присуствуваше во изборот на новото раководство на ДУИ во Желино.

И НАТО и ЕУ, посочи, се изградени врз принципите на консензуалноста.

– Сите се согласија дека тоа се е договорено и оти треба да ги отвориме преговорите, но ние не сме тие што одлучуваме. Франција која не се согласи да даде зелено светло, поднесе една програма, опција што се обидува да ја инсталира и да ги промени политиките на ЕУ за земјите што сакаат да се придружат или отварат преговори. Останува задача на Унијата да дискутира за новата филозофиа која ја пружи оваа земја членка, рече Ахмети./МИА

притисни ентер