Реакции по одлуката на Врховен да го одложи затворот за Јанкуловска

Лавина реакции во јавноста по одлуката на Врховниот суд да го уважи барањето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и да ја одложи четири годишната затворска казна која и беше досудена за случајот со блиндираниот Мерцедес.

Врховен оваа одлука ја донесе без официјално образложение, а неизвесно е и до кога ќе биде пролонгирана казната.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт и со претседателот на Врховен Јово Вангеловски, но тој е недостапен за коментар. 

И екс министерката Јанкулоска во телефонски разговор не сакаше да ја коментира одлуката, за која рече дека се уште ја нема добиено, но верува дека се должи на нејзините аргументи образложени на 15 страници.

Поранешниот претседател на Врховниот суд Дане Илиев за Канал 5 вели дека е изненаден од ваквото решение.  Тој вели дека вонредното преиспитување на пресудата  го имаат осуденици кои се осудени на казна затвор од најмалку една година и се поднесува заради повреди на Законот за кривична постапка и Кривичниот законик.

„Во случајов немам сознанија за што се однесува барањето, а Врховниот суд со прифаќањето на барање на одлагање на казната мислам дека воведува некоја нова пракса која прво не егзистираше да  се решава само за барање, а за главната работа се остава да се одлучува понатаму. Од моја гледна точка мислам дека Врховниот суд требаше да одлучува заедно и за барањето за одлагање и за главното барање за вонредно пр... на пресудата, па доколку стојат повредите што се изнесени во барањето, а тоа се тешки повреди на ЗКП и КЗ кои ќе предизвикаат укинување на пресудата, тогаш ќе се уважи и барањето за одлагање на казната. “ – изјави Дане Илиев, поранешен претседател на Врховниот суд.

По оваа одлука на судот се поставува и прашањето дали е можно врховните судии кога ќе одлучуваат за Јанкулоска да го преиспитуваат и цел предмет во кој е осуден и екс премиерот Никола Груевски. Според поранешниот претседател на Врховен  Илиев и тоа е можно бидејќи според законот доколку се уважи укинување за еден од осудените во предметот, тоа ќе важи и за другите осудени доколку се утврдат тешки повреди.

„Веројатно ќе мораат да ја преиспитаат ако има некои повреди кои се однесуваат и на неговиот дел на одговорноста. Во случајот ако има некои тешки повреди кои се однесуваат и на барателката и на другите осудени во предметот, поповолно  е да се примени и да ќе примени одлуката и за тие осуденици.” вели Илиев.

Пред околу два месеци беше донесена одлука за да се одложи затворот на Јанкулоска поради обврските со бебето кое немаше наполнето една година по што таа требаше да оди во затвор на први јули. Сега највисокиот суд може да ја преиначи, да ја потврди или да ја укине пресудата и го врати на почеток судскиот процес.

Груевски на ФБ: Одлуката на Заев за предвремени избори во неговите очи е последната “сламка за спас”

Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски се огласи со статус на социјалната мрежа Фејсбук.

Вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот на преговорите со ЕУ е неговата намера повторно, обидувајќи се да ја демонизира опозицијата, да моли за поддршка во изборите пред меѓународниот фактор.

Очигледно неговата лична проценка е дека ова е последен момент кога би можел да состави некаква приказна, колку и таа да звучи неубедливо, за да побара таква помош.

Тој е свесен дека без нив нема никакви шанси народот да му даде доволно поддршка, со која би победил или пак по поразот на изборите и без победа да состави влада.

Всушност тој би одел горе-долу со истата кампања и тези надвор кај меѓународниот фактор, но и внатре на самите избори. Претставувајќи ја опозицијата како ,,националистичко плашило” за европските и евроатланските интеграции, а себеси како “ангел спасител” за истото.

Одлуката на Заев за предвремени избори не е ниту за добивање насока од граѓаните чија насока никогаш и не му значела ниту некогаш ја почитувал, ниту за нова доверба која никогаш не ја ни добил, ниту за неговиот кредибилитет кој всушност и го нема.

Одлуката во неговите очи е последната “сламка за спас”.

Тој се плаши дека по приемот во НАТО и по потпишувањето на договорите за учебниците по историјата со двата соседа, неговата употребна вредност целосно ќе исчезне, дека не само што меѓународниот фактор ќе нема ниту една причина да се ангажира и да го поддржува на избори и при составување влада, туку заради неспособноста и криминогеноста може и да сака да се ослободи од овој криминоген ренегат бидејќи неговите катастрофални чекори надвор од испорачувањето на двата договори со соседите се повеќе им се препишуваат ним.

Но приказната на Заев е јалова. Секому му е јасно дека опозицијата е поддржувач на европските и евроатланските интеграции затоа што тоа е интерес на Македонија и на македонскиот народ и граѓани. Старата ,,финта” го нема истиот ефект кога втор пат се употребува, особено на ваков начин.

Откако вчера го провери ,,пулсот” и ја виде реакцијата кај сите кои ги смета за блиски во партијата и пошироко со приказната дека ќе поднесе оставка, денес излезе со планот, кој сигурно не му е од вчера.

Слична ситуација, но со различни мотиви, имаше во 2008 година. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ отиде на брзи предвремени избори по самитот на НАТО во Букурешт, но имаше три мотиви и две дополнителни околности кои заедно во пакет насочува кон неминовност од брзи избори:

1. Имавме блокада на парламентот со спроведениот филибастеринг на ДУИ кој тогашниот деловник за работа го овозможуваше до бескрај (не случајно прва работа по изборите кога имавме 62 пратеника беше промена на деловникот). Над 150 закони беа блокирани без надеж да се деблокираат. Без можност да се моделираат нови политики за развој и напредок на државата преку законите се губеше смислата на владеењето.

2. Сите пост изборни коалициони партнери на ВМРО, поточно нивните лидери беа во тајни заткулисни разговори, а две од нив во финални преговори со СДСМ за формирање ново мнозинство. Беа во прашање недели за формирање ново парламентарно мнозинство и заминување на ВМРО во опозиција.

3. Анкетите покажува историско водство и поддршка кај народот за ВМРО, што и се докажа на изборите. Два други значајни фактори и околности беа исто така пресудни. Ни беше целосно јасно дека после триумфализмот на Караманлис по враќањето од Букурешт во Атина не постојат теоретски шанси тоа што го блокираше во Букурешт да го овозможи во следните 2-3 месеци. Второ, меѓународната заедница иако со мали критики за предвремените избори, сепак беше неутрална.

.Денес после самитот на ЕУ во Брисел ништо од ова не постои. Ниту Заев има поддршка кај народот поголема од опозицијата, ниту блокада во парламентот, ниту некој негов коалициски партнер размислува да го напушти во ова време кога казната за тоа е притвор, обвинение и затвор, независно дали има или нема вина.

Денес главниот мотив на Заев е неговата последна надеж дека ќе го убеди меѓународниот фактор дека се уште има потреба од макар и криминоген и неспособен марионетски премиер, односно дека на таков начин ќе успее да ја задржи власта.

Овој пат од никого нема ветување за поддршка. Но чекорот го повлекува бидејќи нема друг избор, со надеж дека споменатите ќе “паднат на блефот” и ќе се убедат во приказната па ќе немаат друг избор.

Дали е можно да се премисли? Се е можно кај премиер кој знае дека не може да се потпре на народот, знае дека од друг зависи и кој само со интрига и заткулисни игри, надвор од очите на народот, може да дојде или остане на власт.

Но, да не заборавиме дека му е јасно дека времето не работи за него независно на скорешниот влез во НАТО.

Напиша Груевски на Фејсбук.

Мицкоски: Очекувам да се постигне договор за предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски очекува на утрешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски да се постигне договор за распишување на предвремени парламентарни избори.

Тој денеска од Гостивар нагласи дека нема да го прифати предлогот на премиерот Заев за предвремени избори без техничка влада, односно ништо што е надвор од законските прописи.

Лидерот на ДУИ Ахмети рече дека понудата за предвремени избори во моментов се најдоброто решение.

 “Мислам дека е морален акт. Повторно ќе кажам дека вината не е кај земјите  - аспиранти. Најдоброто решение е пред граѓаните да се даде нова понуда”, вели Ахмети.

Предлогот за предвремени избори беше поздравен и од албанскиот опозициски блок. Портпаролот на Алијансата за Албанците Флакрон Беџети рече дека лидерската средба ќе биде прилика за усогласување меѓу партиите како да се одвива изборниот процес

 “Ние како Алијанса за Албанците сме подготвени за предвремени избори со силно убедување дека ќе ги поразиме политичките противници и ќе им дадеме нова надеж на гласачите, особено Албанците, оставајќи го настрана политичкиот монизам предводен од ДУИ веќе две децении“, вели Беџети.

Неуспехот за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ целосно ја делегитимираше владата, поради што предвремените парламентарни избори се најдобрата опција, велат од Движењето БЕСА. Од партијата ја отфрлаат можноста за коалиција со ДУИ, велат дека се отворени да разговараат за изборна коалиција само со опозициони политички структури на Албанците во државата.

Заев: Предлагам брзи предвремени избори, граѓаните да одлучат по кој пат ќе одиме

Ден откако Европскиот Совет не донесе одлука за отпочнување на пристапни преговори на Македонија со ЕУ, премиерот Зоран Заев со предлог – да се оди на брзи предвремени избори.

Одлуката ја донел како што рече како чин на негова одговорност поради негативниот исход од Брисел а ќе ја стави на маса на утрешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.

По неуспехот во Брисел сите опции биле во игра меѓу кои и негова оставка. Предлага изборите да се одржат во најбрз можен рок за што, како што кажа ќе се испочитуваат обврските за пржинска влада со тоа што претходно ќе се повлече а на негово место ќе дојде технички премиер. Не прецизираше точен датум за избори поради очекувањата на одлуката за влез во НАТО.

Околу случувањата за време на заседавањето на Европскиот Совет, Заев кажа дека претходеле сигнали од Брисел за можна блокада од страна на Франција, но до последен момент се надевал на позитивна одлука. Во изминатите четири месеци, вели, безуспешно се обидувал да договори средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Лидеската средба е закажана за утре попладне во претседателската Вила Водно. Доколку партиските лидери се договорат за предвремени парламентарни избори ќе треба да го договорат и датумот. Пржинскиот модел кој што е вграден во Закон за Влада предвидува 100 дена пред денот на изборите премиерот да поднесе оставка и да се формира преодна Влада. Но различни се толкувањата околу примената на одредбите за редовни или предвремени изборни циклуси, во однос на скратените рокови.

притисни ентер