Димков и Груби во комисијата за избор на работници од УБК

Трајко Димков и Артан Груби се двајцата пратеници кои ќе учествуваат во работата на комисијата за селекција и избор на работници од управата за безбедност и контраразузнавање во новоформирана агенција за национална безбедност.

Комисијата за надзор над работата на убк и агенцијата за разузнавање денеска ги избра овие членови кои според претседателот на комисијата, Трајко Вељаноски, се предложени по претходна консултација со политичките партии. 

Седници на собраниските комисии за европски и за економски прашања

Во Собранието на денеска седници ќе одржат комисиите за европски и за економски прашања.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог – законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста и измените и дополнувањата на Законот за заштита на правата на пациентите, двата во прво читање.

Комисијата за економски прашања ќе ги разгледува измените и дополнувањат на Законот за возила, во второ читање. /МИА

Џафери на дводневен парламентарен форум за лидерство во Вашингтон

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. 

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. Во парламентарната делегација за и потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Како што соопшти собраниската прес-служба, дводневниот Парламентарен форум за лидерство е фокусиран на демократското обновување за борба против заедничките закани за демократијата. Исто така, во рамките на форумот, претседателот на Собранието Џафери и пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на САД.

Програмата на ХДП е организирана од Националниот демократски институт (НДИ), со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На оваа програма од високо ниво, покрај Собранието на Македонија, поканети се да учествуваат и дваесет партнерски парламенти на ХДП. /МИА

Чавушоглу во Скопје на средби со Заев, Димитров и Османи

Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по покана од министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Македонија.

Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на денешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. /МИА

притисни ентер