„Само Вистина“ вечерва со Иванка Василевска и Мирче Адамчевски

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Иванка Василевска и Мирче Адамчевски.

Драги гледачи, продолжуваме да ги одгатнуваме и најскриените мистерии кои ѕиркаат од пандорината кутија на вистината. Го „вжештуваме“ и овој вторник со одлична дебата во вашата омилена „Само Вистина“, а своите ставови ќе ги вкрстат универзитетската професорка и член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска и новинарот Мирче Адамчевски.

Премиерот Заев му кажа „да“ на министерот Заев – дали двојната функција е тактички зафат да се поентира на сметка на економијата во влегувањето во финишот од мандатот? Кадровска вртелешка која наиде на критики со доза на цинизам – дали сепак поголемиот дел од „прашината“ остана заробена под килимот?

Револуцијата го „изеде“ екс-заменик министерот за образование -  дали кормилото на управување излезе надвор од колосек и може да настрадаат и другите „деца“? Се исполнија ли очекувањата кај граѓаните или реконструкцијата стана само лоша шминка на неуспешните политики?

Францускиот амбасадор не „врати во реалноста“ и ни порача да се фокусираме на внатрешните проблеми повеќе отколку на датумот за ЕУ – дали навистина бараме преку леб погача?

Ќе го искористиме ли периодот до октомври за реорганизација и департизација на институционалниот систем за да ги оттргнеме „синџирите околу вратот“?

Moже ли да ни се сруши европската перспектива или да се оцрни интегритетот на Европската унија ако нема датум наесен?

Не пропуштајте не, гледајте „Само Вистина“ со Иванка Василевска и Мирче Адамчевски на Канал 5 Телевизија.

Арсовски: Јанева практично призна дека СЈО го претворила во рекетарски бизнис

ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинува дека случајот рекет допира до највисоките ешалони на власта, од СДСМ пак повикаа опозицијата да го поддржи законот за јавното обвинителство.

Повеќе во видеото.

Еуростат: Најскапа земја во Европа Исланд, најевтина Турција, па Македонија

Македонија е најевтина земја за живеачка, покажуваат последните податоци на Еуростат. Земјава се наоѓа на претпоследното 36то место на листата најскапи држави во Европа. Единствено поевтино од кај нас е во Турција.

Еуростат земјите ги рангира  според цените на храната, облеката, транспортот, кириите, алкохолот, цигарите..., односно сите основни трошоци  за живеење.

Сепак, за да ги задоволи основните потребни во месецот, на едно четиричлено семејство му се потребни 33 илјади денари, покажуваат последните пресметки на синдикалците.

Граѓаните се жалат дека живеачката овде е тешка. Платата не им стигнува, ниту да ги задоволат основните потреби.

Неодамна од власта посочија дека се оптимисти оти просечната плата може да достигне 500 евра до крајот на 2020тата, која сега изнесува 25 270 денари.Висината на минималецот во моментов е 12 508 денари.

Според Еуростат, од земјите во регионот, најскапа е Хрватска.  Црна Гора е на 30тото место, а по неа следат Србија, Албанија, Босна, па, Бугарија.

Најскапо за живеење во Европа е во Исланд. Цените таму лани биле дури 56% поголеми од европскиот просек. Станарина на помал стан во центар на град изнесува 1 300 евра месечно.Сепак просечната плата таму изнесува 4 500 евра.

Филипче: Зависниците ќе се дисперзираат низ повеќе општини, терапијата ќе ја примаат пред лекар

Сликата од пред Центарот за зависници во Кисела Вода ќе замине во историјата - дециден министерот за здравство Венко Филипче.

Тој останува на ставот дека решението на проблемот е во отворање дисперзирани пунктови. Најрано од септември, 530-те пациенти од Скопје ќе бидат сразмерно распределени и метадонската терапија ќе може да ја примаат во еден од 4-те пунктови: Кисела Вода, поликлиниката Јане Сандански во Аеродром, Ченто и во Болницата во Бардовци. Новина е и тоа што терапијата ќе мора да се прима единствено пред медицинско лице, со што се очекува да се стави крај на нелегалната препродажба на метадонот и расфрлани шприцови околу здравствените објекти. Како успешен пример министерот Филипче ја посочи ситуацијата во 8-септември.

Токму жителите на скопски Аеродром во неделата на протест повикаа ваквата одлука да се поништи, велејќи дека проблемот од Кисела Вода само ќе се префрли во нивната населба, а обвинија и дека пунктот во поликлиниката ќе се наоѓа веднаш до одделот за педијатрија.

Филипче пак апелира да не се крева паника и најави дека ќе разговара со локалното население, додавајќи дека ако е потребно ќе побара и ангажирање на полициски службеници.

Освен посочените 4 пунктови, во најава е изградба и на уште три други, во Ѓорче Петров, Чаир и Шуто Оризари.

притисни ентер