Фото:Српска атлетичарка во секси бикини

Атрактивната Ивана Мацановиќ е една од најубавите атлетичарки во Европа.

Младата Ивана е членка на АК Бања Лука, нејзини омилени дисциплини се трките на 60, 100, 200 и 400 метри.

Пред неколку години Ивана стана интересна за светската јавност откако нејзиниот профил на Инстаграм почна да го следи и големиот Кристијано Роналдо.

Ивана секогаш е во центарот на вниманието кога е на патеката , но таа привлекува внимание и надвор од тартанот.

Се продава свадбениот јагуар на Цеца и Аркан

Паднала цената на супер луксузниот автомобил Јагуар во кој балканската музичка ѕвезда Цеца и нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан се возеле на венчавката. 

Купен е за 200 000 долари сега се продава по многу пониска цена, скоро за „ништо“.

Вакви Јагуар автомобили има само 121 во целиот свет.

Лимузината Јагуар во која Цеца и Аркан се возеле на денот на венчавката  во 1995 година е купен во Америка за 200 000 долари!

Пред неколку месеци Јагуарот- XJ Majestic Vanden Plas е понуден на продажба.

Тогаш почетната цена беше 121 000 евра, но денеска цената на луксузниот Јагуар на Аркан драстично е намалена и сега автомобилот може да се купи за „само“ 28 000 евра.

Фото: Отровна убавина, Сибирски Малдиви

Сибирското езеро е едно од најпопуларните езера на светот за фотографирање.

Но, ова исклучително убаво езеро, всушност е отровно вештачко езеро направено за во него да се исфрла пепелот од блиската електрана која работи на јаглен.

Сибрските Малдиви се само за гледање, иако водата во езерото е исклучително сина и бистра во него е забрането капење.

Коњаниците од Скопје се подготвуваат за Илинденскиот марш

 Дваесет коњаници од Скопје интензивно се подготвуваат за традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41 пат.

Коњаниците, како што соопшти Општина Аеродром, имаат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар. Годинава меѓу коњаниците има и три жени. Тие беа избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш.

Коњичкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од Општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците ќе се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978", а Општина Аеродром и Град Скопје и оваа година финансиски ќе го поддржат овој традиционален настан.

На коњаниците од Скопје ќе им се придружи и група коњаници од Маврово и заедно ќе влезат во Крушево. 

притисни ентер