Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално со услови за појава на град

Времето попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува североисточен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени, а УВ индексот 7.

Во Скопје во попладневниот дел најавуваат нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално со услови за појава на град. Температутрата ќе се движи до 31 степен.

Од УХМР најавуваат дека и утре во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Потоа следува период на стабилно време и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер. /МИА.

30 дневен притвор за Боки 13

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е остварено, на Бојан Јовановски- Боки 13 му е одреден 30 дневен притвор од страна на Кривичниот суд. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Одземен и е мобилниот телефон на Катица Јанева

Oобвинителството за организиран криминал вечерва во рамките на претресите за случајот со рекетот од 1,5 милиони евра, било и во домот на Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка што денеска си поднесе оставка

Повеќе информации во видеото.

Заврши распитот на Кичеец, во тек е распитот на Боки 13

Пред околу половина час заврши распитот на втроосомничениот во случајот, Зоран Милевски – Кичеец.

Повеќе информации во видеото.

притисни ентер