Носеше петокрака и не се предаде цели 30 години!!

Идиличните пацифички острови обично не играат значајна улога во светската политика и историја, но во Втората светска војна беа арена на крвави битки.

Овие острови претставуваа стратешки позиции, на кои Сојузниците можат да ги постават своите воени бази за напад на Јапонија.

Јапонските војници биле испратени на тие острови за да ги одбранат по секоја цена.

Многу од нив, вклучувајќи го и поручникот Хиро Онода, добиле наредба да се борат до смрт.

Да се предадат не било опција, па Хиро Онода слепо ја следел оваа наредба.

Дури и кога Втората светска војна одамна завршила, тој продолжил да се бори цели 29 години подоцна.

Јапонија во 20-иот век го промени својот древен концепт Бушидо (воен кодекс на однесување), како “начин на умирање“ кој барал самураите да бидат спремни да ги дадат своите животи за господарите. Но тој концепт во Втората светска војна се користи како пропагандна алатка и како култура на смртта пред предавањето, кое се сметало за непростлив грев.

Ниту во еден говор на јапонскиот цар Хирохито не се спомнува предавањето. Тој збор не постоел. Наместо него се зборело за “трпењето на неподносливите и неиздржливи страдања“.

Таквиот став го довел поручникот Онода и неговите луѓе во ситуација да се кријат по планините на островот Лубанг на Филипини, откако сојузниците го преземале од Јапонците во февруари 1945 година.

Тој ги уверил своите војниците дека тоа може да потрае година, три или пет, но дека нивната војска ќе се врати по нив.

„Како разузнавач“ – изјавил Онода, “наредено ми е да водам герилска војна и да не умрам. Морав да ги следам своите наредби како војник“.

Војната заврши во септември истата година, но тој и понатаму се придржувал до наредбите. Предавањето не доаѓало во предвид!

Во текот на престојот во џунглата, Онода водел герилска војна и имал неколку судири со локалните Филипинци и полицијата. Во октомври 1945 година, тој и неговата група нашле леток на кој пишувало: Војната е завршена на 15 август. Симнете се од планините!

Подоцна истата година наишол на уште такви летоци, но тој и неговите војници биле уверени дека станува збор за американска пропаганда. Сметале дека негде направиле грешка, бидејќи не можеле да ги најдат своите соборци.

И така во џунглите на островот Лубанг останале наредните 29 години.

Продолжиле да се борат со локалната филипинска полиција, па така заклучиле и дека војната се уште трае. Еден од неговите луѓе, на крајот се предал во 1950 година. Друг бил убиен во 1954 година.

Откако во 1972 година запалиле поле со ориз, како дел од герилската војна која ја воделе, полицијата го убила и последниот соборец на Онода, па така останал сам во џунглата.

Но во Јапонија, Онода и неговите луѓе станале нешто како урбани легенди. Иако Јапонија и официјално ги прогласила за мртви, сите на Филипините биле сигурни дека е жив. Убил 30 Филипинци!

Во февруари 1974 година, војникот Норио Сузуки се одлучил да го побара Онода. Го пронашол, но поручникот и понатаму одбивал да се предаде. Се согласил да се предаде само под услов тоа да му го нареди неговиот командант Јошими Танигучи.

Сузуки се вратил во Јапонија, го пронашол Танигучи, тогаш веќе старец го работел во книжарница и го довел на островот Лубанг. И конечно, 29 години подоцна, Онода ја добил наредбата која сакал да ја слушне.

Пред да се врати во Јапонија, Хиро Онода на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос му го предал својот меч во знак на предавање. Маркос го ослободил од вината за сторените убиства и го пуштил дома.

На Онода во Јапонија му бил приреден пречек. Меѓутоа, тој веќе не можел да се снајде во земјата која целосно се променила од последниот пат кога престојувал таму.

Во 1975 година заминал за Бразил, каде и се приклучил на тамошната јапонска заедница и почнал да се занимава со сточарство. Во Јапонија се вратил во 1984 година и започнал школо за преживување во дивината. За својот неверојатен подвиг напишал и книга.

Умрел на 16 јануари 2014 година во Токио. Бил на возраст од 91 година.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер