СДСМ: Со поврат на 15 отсто од ДДВ, државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните

Со мерката „Мој ДДВ"  за прв пат државата им враќа пари на граѓаните, односно за секој денар платен ДДВ, на крајот на годината на граѓанинот му се враќа 15 отсто директно на неговата сметка.

На крајот од секоја година кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра.

За само две години Владата предводена од СДСМ реализира низа мерки кои обезбедуваат повеќе пари во секое смејство.

Растот на минималната плата од 9.000 денари на 12.500 денари, растот на просечната плата за над 2000 денари, а пензиите над 800 денари, растот на социјалната помош за 300 отсто или од 3000 на 10.500 денари се дел од мерките кои го зголемија домашниот буџет.

Намалувањето на драконските казни и  нотарските и извршителски трошоци, воведувањето на ефтината  тарифа и укинувањето на радиодифузната такса, влијаат директно на семејниот буџет односно повеќе пари остануваат во секое домаќинство.

Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари  директно во секое семејство. На крајот на годината секое семејство добива доход плус во семејниот буџет.

Сите досегашни мерки вклучително и повратот на ДДВ од 15 отсто имаат една заедничка цел, подобар животен стандард, подобар живот на граѓаните, раст и развој.

Зборот важи! СДСМ на дело ја покажува вистинската грижа за граѓаните. /МИА.

Рикер: САД се подготвени да се вклучат во дијалогот Белград - Приштина

САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, но тоа не можат да го направат додека двете страни сами не одлучат да му се вратат на дијалогот, изјави в.д заменик државен секретар на САД Филип Рикер.

Тој за американските медиуми истакна дека за евентуално посилна улога на САД во преговарачкиот процес, неодамна разговарал и со првиот човек на Стејт департментот, Мајк Помпео.

Рикер кој евршителот на должност заменик државен секретар на САД  во моментов е највисокиот официјален претставник во Стејт департментот кој се занимава со Балканот изрази верување дека двете страни имаат волја за наоѓање решение, со што ќе придонесат за стабилност и просперитет на западен Балкан.

Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ

Најавениот притисок врз  Македонија од страна на новата грчка Влада на премиерот Кирјакос Мицотакис ќе зависи од тоа колку ќе и дозволат НАТО и ЕУ.

 Имајќи предвид дека двете алијанси сакаат брз и непречен прием на земјата, оценува американскиот аналитичар Џек Далгариан во авторски текст за „Неоскосмос".

Далгариан во анализата под наслов „Што може да очекува Америка од надворешната политика на новата грчка Влада", наведува дека со Преспанскиот договор Атина стави крај на „за многумина странци тривијалниот спор со Скопје" околу Македонија, име и територија што беа од централно значење за грчкиот национализам уште од формирањето на современата грчка национална држава.

Авторот на текстот потсетува дека по победата на неодамнешните избори, Мицотакис најави дека ќе го почитува Преспанскиот договор, но дека ќе врши притисок врз Скопје околу употребата на терминот „македонски" во културата, јазикот и производите.

– Но, притисок што ќе може да го употреби е ограничен на тоа што ќе му го дозволат НАТО и ЕУ, кои сакаат брзо и непречено да ја вклучат  Македонија во двата сојузи, наведува Далгариан.

Според авторот, иако жителите во северна Грција во големо мнозинство на изборите гласаа за неговата Нова Демократија незадоволни од решавањето на прашањето со името со Скопје, Мицотакис знае дека неговата популарност во иднина апсолутно ќе зависи од тоа дали ќе успее да обезбеди економски раст на земјата.

Дулгариан дипломирал на Факултетот за владини и јавни политики на Универзитетот во Аризона. Тој е автор на независно истражување за надворешните политики и стратегии на политичките партии во Грција, а работел и во хуманитарни организации за помош на бегалците во Атина./МИА.

ВМРО-ДПМНЕ: Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери

Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери блиски до Заев. 

Се додека разни „Кики, Фрики и специјални обвинителки" се недопирливи за истрагата и заштитени од Заев, Македонија ќе тоне во криминал, корупција и рекет. Се додека законите не важат за градоначалници што киднапираат и малтретираат или генерални секретари што договараат тендери, Македонија нема да добие датум за преговори.

Власта на СДСМ на чело со аболицираниот Заев по кој зна кој пат застана на страната на криминалот. Криминалната банда продолжува да ги лаже и манипулира граѓаните по политичко-медиумско-криминалниот октопод.

Целта е спас на политичката кариера на еден човек, Зоран Заев. Зоран Заев е главата на новиот криминален октопод.

Токму поради оваа причина се штитат останатите поранешни и актуелни високи функционери на власта и СДСМ.

Кои се Кики и Фрики, одговор на ова прашање мора да има, мора да се дознае кои високи државни и партиски функционери биле вмешани во овој нов мега скандал?

Каква е инволвираноста на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и поради која причината и беше одземен телефонот?

Рускоска обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта, овој случај мора да се расчисти до крај. Мора да се стигне до главата на октоподот на чие чело е единствениот политичар во Европа кој е три пати амнестиран за криминал. Се додека овој случај не се расчисти, и оваа криминалната банда не си замине од власт, Македонија нема Европска иднина. Правната држава е далеку од реалност, а датумот за преговори со Европската Унија само уште едно лажно ветување на Зоран Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер